РИБАРО
Премиерот на Нашата држава Христијан Мицкоски, потпиша меморандум за соработка со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, соопштуваат коордираните тела на Владата и партијат на Нашата држава, дознава АХА.
Како што истакнуваат, во документот потпишан своерачно на две места од Мицкоски, меморандумот има за цел да ја продлабочи соработката на Владата со партијата, така што тие два субјекти стануваат едно – владо-партија.
– Мора да се навикнува јавноста на вакви работи. Партијата и нашата држава е едно и исто. Како што најдовме начин со меморандум да си ги покриваме долговите на нашите неспособни градоначалници, така со меморандум ќе го аминуваме криминалот и ќе си ги покриеме долговите на партијата. Па што ако си потпишувам сам со себе договор? Имам мандат од 450 илјади горди гласачи кои застануваат зад таквата наша политика. Вам ништо не ви е јасно?! Владо-партијата на Нашата држава е реалност, а со тоа и народот мора да биде горд!, изјави Мицкоски за АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK