ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реакција на ВЛЕН за обвинувањата кон Гаши: Жалиме што гневот за изборниот резултат СДСМ го насочува на погрешна адреса

August 20, 2024 14:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Жалиме што гневот за изборниот резултат СДСМ го насочува на погрешна адреса, реагираат со соопштение од Коалицијата ВЛЕН за ставот на СДСМ наменет за претседателот на Собранието, Африм Гаши.

„Претседателот на Собранието, Африм Гаши не може да биде виновен што граѓаните сурово ги казнија. Изгледа таквата порака не им е доволна, штом продолжуваат да манифестираат врвно лицемерие. Пред да одржуваат прес конференции чија единствена цел е обид за отргнување на вниманието од нивните внатрепартиски проблеми, го повикуваме СДСМ да одговори, зошто не реагираа на ист начин кога Зоран Заев и Венко Филипче возеа моторцикли, надвор од границите на Северна Македонија, во придружба на државно обезбедување? Дали тогаш тоа беше за нив етички и безбедносен протокол согласно законот или скандалозно однесување, како што сега тврдат? Африм Гаши со своето семејство уредно ја поминал границата и тој никогаш не поминувал ниту еден граничен премин пешки, како некој други!“, се наведува во соопштението од ВЛЕН.

Претходно СДСМ на прес-конференција истакна дека Гаши си ја приватизирал границата со Косово. Освен службените возила без проверка поминале и останатите сватови, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на пресот.

Границата со Косово била целосно приватизирана за потребите на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Таа биле отворена за неговите службени возила, но и за други приватни возила кои биле дел од поворката по невестата. Сите возила, на Гаши, на неговото обезбедување, но и на сватовите биле пропуштени без контрола, објавија од СДСМ.

„Според информациите кои ги добивме, поворката пред да ја помине границата била паркирана на една бензинска станица во близина на границата. Потоа, сите возила заедно, вклучително и приватните возила, поминале на лентата за камиони, односно товарен траспорт без да бидат застанити.  Да биде скандалот уште поголем, во возилата каде се што се возело обезбедувањето на Гаши, имало и дел од сватовите односно приватни лица што е законски недозволено“ велат од СДСМ.

На овој начин, велат од СДСМ, Гаши си ја приватизирал границата и ја нарушил безбездноста на државата и проверкат ана патниците која е задолжителна согласно законот, а се тоа се случувало со амин на МВР и одогорните службеници.

Тие побараа внатрешната контрола да утврди одговорност на сите кои ги пречекориле овластувањата во МВР, а Јавното обвинителство да поднесе соодветни кривични пријави за овој скандал.

J. Ѓ.

Tags: ВЛЕНГашиСДСМ
Next Post

Харадинај: Курти и ВВ го ограбија народот, бргу ќе дојде денот кога ќе се види дека се најголемите криминалци

Shortcut

Најново

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk