ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шутаров: Наместо да се препукуваат за хаосот во Скопје, Мицкоски и Арсовска да се фатат за работа

August 21, 2024 11:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Советничката група на СДСМ во Советот на Град како опозиција секогаш делувала исклучиво во интересите на граѓаните на Град Скопје. Во овие нецели 3 години локална власт на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ нашите ставови сме ги кажувале јасно,гласно,недвосмислено, транспарентно и секогаш сме имале аргументи и став зошто определени одлуки во Советот на Град Скопје сме ги поддржале, а исто така и зошто за определени одлуки не сме дале наша поддршка, на прес-конференција рече Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

Тој истакна дека Советот на Градот Скопје го сочинуваат 45 членови избрани на фер, демократски и непосредни локални избори во 2021 година, претставени во 8 советнички групи, кои на изборите застапувале свои програми, идеи и проекти.

„Несериозни се изјавите на градоначалничката Данела Арсовска дека е блокирана од страна на сите 45 советници.Арсовска не може советниците на СДСМ и останатите советнички групи да ги става во исти кош со советниците на ДПМНЕ со кои заедно во 2021 година ја промовираа програмата “За Модерно Скопје, брзо и сигурно”. Ниту модерно ниту брзо а најмногу од се нај несигурно. За жал, сведоци сме дека продолжува препукувањето на релација ДПМНЕ и Арсовска. Меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за тоа кој е виновен за колапсот во Градот Скопје“, рече Шутаров.

Наместо да земат да работат, нагласи Шутаров, оние кои го уништија Скопје меѓусебно се препукуваат врз грбот на скопјани кој бил крив.

„Ова неодговорно однесување е потценување на интелигенцијата на граѓаните, на скопјани. Затоа СДСМ како опозиција во Советот на Град Скопје ќе продолжи да делува конструктивно и секогаш ќе ги поддржува проектите кои се во интерес на скопјани. СДСМ нема да блокира и нема да прави дневна политика од тоа затоа што за СДСМ скопјани се на прво место. Заглавени се бројни значајни проекти, Скопје уназадува. Негласањето за НИШТО и Блокадите на советниците на ДПМНЕ, и меѓусебните опструкции прават огромна штета на граѓаните на Скопје. Упатуваме искрен и добронамерен апел, ДПМНЕ и Асровска да ги прекинат препукувањата и да земат да работат, колку-толку, за конечно нешто во Скопје да се направи. Наместо дневно препукување да кажат кои капитални проекти ќе ги поддржат, кои програми ќе се изгласаат и во овој краток период кој им преостанува до локалните избори барем малку ја поправат состојбата во Скопје. Недозволиво е Скопје и скопјани да бидат жртви на нивните политички хирови и бизнис интереси“, потенцира Шутаров.

 

Tags: АрсовскаМицкоскиСкопјеШутаров
Next Post

Стефан Миленковиќ и „Профундис“ најавуваат ексклузивен концерт во Скопје

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk