ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фрчкоски поднел оставка од функцијата амбасадор во ОН

August 22, 2024 10:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорот и постојан претставник во ООН во Њујорк, професорот д-р  Љубомир Фрчкоски поднел оставка на позицијата. Фрчкоски оставката ја поднел до претседателката Гордана Силјановска – Давкова и за тоа го известил МНР.

Професорот Фрчкоски очекува оставката да биде усвоена и да биде разрешен од Функцијата со Указ на Претседателката , како што и е назначен.

На прашање на Либертас дали тоа и како ке се одрази на работата на Мисијата на РСМ во Њујорк Фрчкоски одговори:

„Не мислам дека на било каков начин тоа ке се одрази на функционирање во техничка смисла на Мисијата која и до сега работела само бирократско-технички. Но има, за жал, шанса да се направи голема штета и срам за државата во една конкретна смисла и по повод еден конкретен случај.

Имено, Македонија предложи проект во ООН кој беше прифатен прв пат во својата историја на членство кој се вика “Промоција на дијалог и медијација со цел превенција на геноцид и сличните злосторства (воени злосторства и злосторства против човештвото)“.

Проектот по наша иницијатива е прифатен и му е одреден буџет (што е многу ретко во ситуација на финансиска криза во ООН ) во одделот кој го води Г-ѓа Алис Ндериту, Под-Секретар и Специјална советничка на Генералниот Секретар на ООН за Превенција од Геноцид (The United Nation Office on Genocide Prevention and the Responsibility to Protect – OSAPG)

Цел на проектот е да се создаде:

Прво, Прирачник (Policy Paper) кој во наша чест како иницијатори на Проектот би се нарекол Скопје (Охрид) Policy Paper (во зависност каде би се одржала Првата Конференција за негово донесување). Прирачникот ќе содржи: методологија и начин на работа и начин на составување групи во рамките на ООН за медијација при идентитетски конфликти низ светот кој можат да доведат до вакви злосторства при што медијацијата треба да помогне да се избегнат трагичните исходи.

Второ, по донесувањето на Прирачникот (Policy Paper) треба да се создаде листа од експерти – медијатори како и листа на точки и жаришта на вакви тензии каде ќе се понуди помош и посредување од страна на ООН.

Проектот беше прифатен од страна на ООН, затоа што е тоа една од основните негови задачи, посредување при вакви тензии и е жестоко критикуван за својата пасивност и неуспеси при ваквите посредувања во минатото.

На основа на одобрениот буџет во април и мај 2024 се одржаа две on-line средби со експерти медијатори од цел свет на кои се дефинираше рамката за носење на Policy Paper и План за Акција кој би се нарекол според Скопје или Охрид Policy Paper со што на некој начин “создаваме историја” имајќи во предвид дека Македонија има искуство и знаење за решавање на вакви идентитетски конфликти во минатото и е препознаена како позитивен чинител во таа насока.

Финален чин на оваа фаза на проектот е Конференција на која би се дискутирал и усвоил Policy Paper и Планот за Акција, а која би се одржала во Скопје или Охрид. Предлогот на Специјалниот Советник Ндериту е периодот од 16- 27 Октомври 2024 година.

Министерот за надворешни нема поим за оваа супер важна инцијатива на Македонија за која има патем куп известувања пратени од Мисијата, но за која воопшто не се интересира и не комуницира. Тој има поважна работа во надворешната политика – да се занимава со сметките на амбасадите и амбасадорите .

Ако оваа иницијатива пропадне поради изгубеност, незаинтересираност или лоша волја на Министерот и министерството (наводно рекол “Фрчко си прави себе-промоција”) тоа ќе биде испуштање на историска шанса за здрава промоција на земјата на клучните прашања во ООН и воедно срам за земјата која без континуитет и проценка на основа на ресентименти ја води својата надворешна политика и ја дезавуира својата политичка позиција на сериозен партнер .

Но тоа е што е, не може со сила некому да му се даде памет и доблест“,  одговори професорот Фрчкоски.

Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи, на амбасадорската позиција во Њујорк беше назначен во 2022 година. Указот за неговото назначување го потпиша тогашниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, деновиве во изјава за една телевизија, кажа дека Фрчкоски бил повикан на разговор во МНР поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото, но оти до разговорот се уште не дошло поради здравствени причини на амбасадорот.

Tags: ОНоставкаФрчкоски
Next Post

Во Кривичен продолжи судењето за „Синџир“

EVN

НАЈНОВО

СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

April 18, 2026

ЗНМ бара максимална транспарентност при изборот на новото раководство на МРТ

April 18, 2026

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk