ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Курти за промената на српските со косовски возачки дозволи: Србите направија значаен чекор кон интеграцијата

August 25, 2024 10:01
in ДЕНЕС, РЕГИОН

 Косовскиот премиер, Албин Курти ја оцени промената на возачките дозволи издадени за косовски граѓани од српски органи во официјални на Република Косово, како важен чекор кон интеграцијата на Србите во државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти во објава на неговата страница на Фејсбук оцени дека периодот одреден за промена на српските со косовски возачки дозволи, со одредени олеснувања за тие што ќе го направат тоа, а кој траеше од мај до минатиот петок, 23 август, поминал без никаков инцидент или поплака.

„Нашите сограѓани од српската заедница направија важен чекор кон интеграција, масовно одговарајќи на повикот за аплицирање за конверзија на овој документ. Им благодарам на сите наши граѓани кои позитивно ја искористија оваа можност, како и на службениците од нашите институции во канцелариите и центрите за регистрација, за нивната работа и помагање на апликантите во овој процес“, напиша Курти.

Во рокот за нивна промена, кој започна на 9 мај, тоа го сториле 6.509 лица, најголемиот дел припадници на српската заедница од четирите општини во северно Косово, Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, но и од други општини низ државата.

Од идната недела повеќе нема да биде дозволено да се вози со неважечки документ, изјави заменикот началник на полицијата за северниот регион, Ветон Ељшани.

Министерството за внатрешни работи на Косово одлучи од 9 мај годинава да им дозволи на Србите да ги претворат нелегалните возачки дозволи во РКС, без да имаат потреба да подлегнат на возачки испит.

Одлуката на Владата и на МВР да им обезбедат на Србите олеснувања за добивање косовски возачки дозволи ја поздравија САД, Велика Британија, Германија и Италија.

Постапката за добивање возачка дозвола на Република Косово трае петнаесет дена, а дозволата издадена од српските структури му се враќа на барателот како неважечка исправа.

Процесот на пререгистрација на возила од нелегални српски регистарски таблички со кратенки од градовите на Косово во РКС претходеше на промена на српските возачки дозволи со косовски.

Прашањето за пререгистрација на возила на крајот на 2022 година стана причина за низа кризи на северот на Косово, вклучително и излегување на Србите од косовските институции, протести, барикади и бојкот на изборите. Кризите кулминираа со вооружениот напад врз косовската полиција од страна на група Срби на 24 септември минатата година во Бањска кај Звечан.

Tags: возачки дозволиКосовоКурти
Next Post
Фото: Скриншот од видео на НАСА

НАСА одлучи двајцата астронаути од МВС да се вратат на Земјата во февруари

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk