ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Љутков: Ниту една национална установа од културата не е осигурана, наместо за капитални инвестиции ние зборуваме за плати и покривање на загубите

August 27, 2024 15:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту една национална установа од културата не е осигурана. Со ребалансот обезбедивме буџет да ги осигураме и веќе во тек е постапката за јавната набавка, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков, обвинувајќи дека поради недомаќинското работење на претходната власт наместо за капитални инвестиции и подобрување на условите со ребалансот на Буџетот годинава фокусот бил да се обезбедат средства за плати и покривање на загубите.

Нејасно е, посочи Љутков, зошто не се предвидени средства за овие работи „дали биле сигурни дека нема да бидат повеќе власт, па го креирале буџетот до јули месец или е тоа од не знаење“.

-Ние со соочивме со ваков проблем, доаѓа ребалансот на буџетот нас ни фалат 248 милиони денари само за плати за до крајот на годината, нагласи Љутков.

Прашан дали се предвидени покачувања на плати на културните работници, Љутков рече дека се што е уредено со закон треба да биде испочитувано.

-Се што е уредено според закон ние треба да го испочитуваме, дали е тоа уредено според општиот колективен или посебниот колективен договор, ќе треба да се испочитува. Прашањето е зошто, бидејќи знаете дека во 2024 ќе треба да го испочитувате колективниот договор бидејќи минималната плата најавуваа дека ќе се зголеми во 2024 година, прашањето е зошто не сте ги предвиделе тие средства кои се некаде околу 250 милиони денари, изјави Љутков, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје.

Како нов министер, Љутков посочи дека морал да обезбедам од Влада некаде околу 7/8 милиони дополнителни средства само да ги покриеме загубите, наместо со тие 7/8 милиони до крајот на годината да сечевме лента на новиот Турски театар.

-Тие работеле недомаќински и не ги предвидувале  средства, не платиле 5 милиони денари за кобис. Не ги предвиделе. Тоа со ребалансот моравме да го обезбедиме. Немаат платено осигурување за националните установи и ред други работи што ми е непријатно да кажам во каква ситуација се оставени националните институции, изјави Љутков.

Љутков, меѓу другото, посочи дека од 2017 година до сега сите процеси во делот на капиталните инвестиции се на минимално ниво.

–          Значи, се е оставено на забот на времето. Ние денеска се соочуваме прво, бидејќи буџетот е во катастрофална состојба, со тимот на Министерството за култура работиме како да ги  довршиме проектите коишто се започнати пред 15 години, а не да почнеме со процес на изградба на нови. Значи, мора во овој мандат да ги завршиме сите објекти во делот на културата коишто се започнати како процес и мораме да реновираме дел од институциите коишто се во катастрофална состојба како што е НУБ, рече Љутков.

Во партиската програма, нагласи Љутков, пишува дека тој процес ќе биде 2025-2035 и посочи дека во меѓувреме ќе изработуваат проекти и ќе се прави ревизија и на постоечките за, како што рече „да видиме до која фаза и што можеме да направиме во овој мандат“.

Прашан за проектот за конаците во Музејот во Велес, Љутков рече дека тој секако е многу стар проект и ќе треба да се направи и препроцена во однос на тоа колку чини. -Верувајте ако некој проект е направен во 2015 вие морате и внатре во сценската технологија да направите измена бидејќи тоа е веќе застарена технологија, посочи тој.

Next Post

Болницата во Кавадарци доби донација од Австриско здружение на пензионери

Shortcut

Најново

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk