– Во услови на неиспорачани резултати, а огромни очекувања, власта е принудена да импровизира, вели во изјава за „Фронтлајн“, Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија, коментирајќи ги политичките и економските актуелности во земјава
– Кадровски, оваа влада е „пријателска”, сведена на пријатели, кумови и братучеди. Политички, владеењето на правото, борбата со корупцијата, судските реформи, евроинтеграциите – се е во застој. Економски и социјално – останува истата економија на буџетска зависност и ниска продуктивност. Во такви услови – власта очигледно е принудена да се однесува „пиромански“ во меѓуетничките односи: прво да потпалува оган, а потоа да се претстави дека го гаси, вели Величковски.
Според него, она што ги изненадува е отпорноста на опозицијата да не влезе во етно-партиско договарање и да не наседне на провокациите со кои власта проектира политичка дестабилизација преку толерирање на говор на омраза – било кон припадниците на народите во Северна Македонија, било во соседните држави.
Дестан Јонузи