ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Андријана Цветковиќ нов програмски директор на Интернационалниот филмски фестивал во Токио

September 6, 2024 11:15
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Токијски Интернационален филмски фестивал (TIFF) што ќе се одржи од 28 октомври до 6 ноември, оваа година по прв пат ќе биде лансирана нова натпреварувачка категорија посветена на филмови креирани од женски режисери и фокусирани на приказни во кои главна улога имаат жените. На чело на оваа иницијатива е д-р Андријана Цветковиќ, македонска жена лидер во полето на дипломатијата, претприемништвото и кинематографијата.

Цветковиќ, која има докторат по филмска уметност од Универзитетот Нихон во Токио, беше првиот македонски амбасадор во Јапонија (2014-2018) и член на жирито на TIFF во 2021 година. Од оваа година таа е назначена за еден од трите главни програмски директори на фестивалот, при што и е доверена одговорната задача со своето длабоко познавање на филмската уметност, социјалните теми поврзани со родовата еднаквост, да ја обликува насоката на новата програма.

Таа моментално служи како специјален советник на министерот за култура на Јапонија Шун Токура, што дополнително го зацврстува нејзиниот статус како клучна фигура во креирањето на фестивалските политики и дискурсот на културната дипломатија.

-Со години наназад, филмскиот екран беше доминиран од приказни раскажани од претежно машка перспектива, со што публиката беше ограбена од можноста да навлезе подлабоко во некои аспекти на човековата природа. Но, со развојот на дигиталната технологија, филмското производство стана подостапно, што доведе до пораст на бројот на жени режисери, камермани, сценаристи и протагонисти. Оваа година, програмата на Токио Интернационалниот Филмски Фестивал (TIFF) дава можност на овие нови гласови во филмот, славејќи ги нивните различни приказни и придонеси во светот на кинематографијата, изјави Цветковиќ за новата филмска категорија на TIFF.

Новата програма на TIFF се очекува да привлече меѓународно внимание, особено што сите поголеми светски медиуми од Variety, ScreenDaily, Hollywood Reporter, и други веднаш ја пренесоа веста, дополнително зацврстувајќи ја улогата на фестивалот како платформа за промени во филмската индустрија.

Цветковиќ ја има тешката задача да избере седум од стотици филмови кои аплицирале да бидат дел од овој фестивал, кој е воедно фестивал од А категорија и е еден од најголемите и најпрестижните во светот. Дополнително, ќе се одржат симпозиум и специјална проекција со тематска дискусија кои ќе ги истражат улогите на жените во кинематографијата. Целосниот список на филмови ќе биде објавен кон
крајот на септември, кога ќе биде презентирана целосната програма на TIFF.

Оваа значајна иницијатива претставува уште еден чекор напред во посветеноста на TIFF за родова еднаквост. Во 2021 година, TIFF стана првиот филмски фестивал во Азија што се приклучи на Collectif 50/50, меѓународна организација посветена на промоција на родова еднаквост во филмската индустрија.

Цветковиќ е глобално етаблирана како личност со особен придонес во промоцијата на женената во опшеството и лидерството. Во 2021 година, таа ја доби престижната награда WIN Worldwide Inspiring Woman Award, од светска организација за унапредување на жените WIN со седиште во Женева, основана во 1997 година. Освен македонски амбасадор во Токио Цветковиќ исто така била директор за Северна Азија
за Групацијата Економист (The Economist Group), беше член на Управниот одбор на Британската стопанска комора во Јапонија, професор на Кјото Универзитетот и директор на бордот на повеќе мултинационални компании. 

Tags: TIFFАндријана ЦветковиќТокиоФилмски фестивал
Next Post

Кузеска: Баџанакот на Мицкоски има фирма во Бугарија, каде завршуваат парите од семејните шеми?

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk