Милјардерот Илон Маск со мизогина објава се нафрли врз поп иконата Тејлор Свифт откако таа во пост на Инстаграм објавен по телевизиската дебата помеѓу Доналд Трамп и Камала Харис, истакна дека на претседателските избори ќе гласа за Камала Харис.
Фино Тејлор… победи… Ќе ти дадам дете и ќе ги заштитам твоите мачки со мојот живот, напиша Маск на Х.
Fine Taylor … you win … I will give you a child and guard your cats with my life
— Elon Musk (@elonmusk) September 11, 2024
По неговата објава, како што пишува Цивил Медиа, се „налепија“ неговите следачи и поддржувачи кои ги негуваат истите ставови, објавувајќи постови дека поддршка на Свифт за Харис е во согласност со демографските трендови злоупотребувајќи ги статистичките податоци дека невенчаните жени се примарната демографска група за гласање на Демократската партија, криминизирајќи ја таа група, вршејќи со тоа напад врз слободата, човекови права и родовата еднаквост како чин на мизогинија.
Следејќи ги објавите на Илон Маск, не зачудува една друга статистика, која вели дека откако тој ја купи платформата X (поранешен Твитер) во 2022 година, има значително зголемување на содржината со омраза, расистичка и мизогина, што предизвикува загриженост за нејзините социјални и политички реперкусии.
Прочитајте ја целата анализа на Мишев со наслов: „Расизмот и мизогинијата на Илон Маск значително ги зголеми говорот на омраза, дезинформациите и екстремистичките содржини на Х“ на Цивил Медиа.
Поврзано:
Тејлор Свифт со пост на Инстаграм: Ќе го дадам својот глас за Камала Харис и Тим Валц!