ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Извештај за состојбата на европската Енергетска унија: Намалени емисиите на штетни гасови и зголемено производството на енергија од обновливи извори

September 11, 2024 13:36
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ успеа да ги справи со критичните ризици за безбедноста на снабдувањето со енергија, да ја врати контролата врз енергетскиот пазар и цените и да ја забрза транзицијата кон климатска неутралност, се наведува во денеска објавениот Извештај за состојбата на Енергетската унија за 2024 година на Европската комисија.

Според извршниот потпретседател на ЕК за Европскиот зелен договор и меѓуинституционални односи Марош Шефчовиќ, Извештај го покажува невидениот напредок што го постигна ЕУ во зајакнувањето на Енергетската унија, намалување на емисиите на штетни гасови и зголемување на учеството на енергија од обновливи извори во енергетскиот систем на блокот.

– Треба брзо да ја спроведеме новата политика и регулаторна рамка за справување со зголемените цени на енергијата и да го забрзаме развојот на инфраструктурата, истакна Шефчович.

Тој оцени дека последниве години ЕУ ја научила лекцијата од прекумерната зависност од еден добавувач со енергенси, па затоа во следниот период ќе се насочи на обезбедување на конкурентност на ова поле, што ќе биде клучно за напорите за остварување економски раст.

Еврокомесарката за енергија Кадри Симсон, пак, оцени дека Извештајот покажува оти ЕУ повеќе не е оставена на „милост и немилост на гасоводите“ на рускиот претседател Владимир Путин, како и дека блокот останува посветен на поддршката на украинските партнери во пресрет на зимата.

– Извештајот го истакнува напредокот што го постигнавме кон безбеден, конкурентен и достапен енергетски сектор во ЕУ. ЕУ е добро опремена да спроведува големи промени, да се справува со предизвици што и претстојат и да ги исполнува своите обврски кон Планетата и кон нејзините граѓани. Нашата Енергетска унија е посилна и позелена од кога било досега, заклучи Симсон.

Во документот, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се посочува дека во услови кога ЕУ се справуваше со невидени предизвици во енергетската политика, Европската комисија подготви регулаторна рамка за продолжување на транзицијата кон чиста енергија, поставувајќи ги основите за поттик на економскиот раст и конкурентноста.

ЕК посочува дека во првата половина на 2024 година половина од електрична енергија во ЕУ беше произведена од обновливи извори, дека уделот на увозот на руски гас во Унијата годинава е намален на 18 отсто од 45 проценти во 2021 година, како и дека потрошувачката на гас во периодот од август 2022 година до мај 2024 година е намалена за 138 милијарди кубни метри.

Во исто време, според ЕК, до 19 август 2024 година е остварена целта за 2024 годна за пополнување на резервите со гас до 90 отсто, иако рокот беше 1 ноември, постигната е стабилизација на цените на енергијата и емисиите на стакленички гасови на ниво на ЕУ од 1990 до 2022 година се намалени за 32,5 отсто, а во истиот период е остварен економски раст околу 67 проценти.

– На меѓународно ниво, ЕУ ја предводеше глобалната иницијатива за тројно зголемување на капацитетите на енергија од обновливи извори и за двојно подобрување на енергетската ефикасност, како дел од транзицијата од фосилните горива, што беше одобрена од сите страни на Климатскиот самит КOП28 во Дубаи, се посочува во Извештајот.

Според ЕК, сепак, напорите за енергетска ефикасност ќе треба дополнително да се засилат со цел ЕУ да ја исполни заложбата за намалување на потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година и да се преземат мерки за дополнително намалување на цените на енергијата.

– Ова е клучно за подобрување на конкурентноста на индустријата на ЕУ и за забрзување на инвестициите во интегрираните инфраструктурни мрежи во Европа, кои се од суштинско значење за електрификација на европската економија, наведува ЕК во Извештајот.

Во документот се оценува дека до декември 2023 година земјите членки презеле чекори во вистинска насока за намалување на нето емисиите на стакленички гасови, но дека треба да вложат дополнителни напори за остварување на поставената цел за нивно намалување за најмалку 55 отсто до 2030 година.

Според ЕК, новите предизвици со кои ЕУ ќе треба да се справува во иднина се намалување на сегашниот јаз меѓу производството на енергија од обновливи извори на енергија и целите за енергетска ефикасност, потоа намалување на енергетската сиромаштија, како и ограничување на ризикот од нова стратешка зависност во снабдувањето со енергенси.

– Овие предизвици ќе бараат решителен одговор и чекори на ниво на ЕУ и на ниво на земјите членки, преку поголема координација, пазарна интеграција и заедничка акција, смета ЕК.

Next Post

Таравари: Од 16 септември пациентите од аптеките ќе ги земаат бесплатно деветте нови лекови на позитивната листа

Shortcut

Најново

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

September 11, 2026
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk