На програмата од годинешното издание на Фестивалот на нем и класичен филм Скопје, кој се одржува во Кинотека, ќе бидат прикажани и неколку класични филмови од Литванија, известува Литванската амбасада во Скопје.
Во петок, 13 септември од 20 часот, ВРЕМЕТО ПОМИНУВА НИЗ ГРАДОТ – Документарен филм (без дијалог) од Алмантас Грикевичиус, Литванија, 1966 / 18 мин. УБАВИЦАТА – Поетска драма од Арунас Жебриунас, Литванија, 1969 / 66 мин.
Сабота, 14 септември од 20 часот, ПРИСТАНИШТЕ – Документарен филм (без дијалог) од Аудриус Стонис, Литванија, 1998 / 10 мин. МАРШ! МАРШ! ТРА-ТА-ТА! – Политичка сатира од Раимондас Вабалас, Литванија, 1964 / 78 мин.
Недела, 15 септември од 20 часот, КОГА БЕВ ДЕТЕ – Драма од Алгирдас Араминас, Литванија, 1969 / 70 мин.
Понеделник, 16 септември од 20 часот, ДЕВОЈКАТА И ЕХОТО – Поетска драма од Арунас Жебриунас, Литванија 1964 / 66 мин.
Четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм започна на 10 септември со „Андалузиски пес“ во режија на Луис Буњуел, едно од највлијателните дела во историјата на кинематографијата денеска.
Дел од програмата на четвртото издание на Фестивалот кој ќе трае до 16 септември се и: „Дискретниот шарм на буржоазијата“, „Алиса во земјата на чудата“, „Раскажување“, „Жан Мари Штрауб и Даниел Хује работат на филм заснован на фрагментот од романот на Франц Кафка „Америка““, „Изразот на рацете“, „Времето проаѓа низ градот“, „Убавицата“, „Како да се живее во Фрг“, „Разговорот“, „Пристаниште“, „ МАРШ! МАРШ! ТРА-ТА-ТА!“, „Писмо“, „Кога бев дете“, „Девојката и ехото“ и „Уцена“.
Ј. Ѓ.