Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на вчерашната средба во Кијив не донесоа никакви одлуки за употреба на американско оружје за удари длабоко во руска територија, јави американската телевизија Еј-Би-Си Њуз, повикувајќи се на советник на украинскиот претседател.
Зеленски и Блинкен разговарале за укинување на забраната за напади длабоко на руска територија и за снабдување со оружје, наведе советникот на Зеленски, запознаен со темата на состанокот.
-Зеленски му дал на Блинкен детален план за тоа како Украина може да ги искористи ракетите со долг дострел за да ја нападне Русија и му дал список на можни цели, рече анонимниот советник, додавајќи дека, меѓутоа, „за ова прашање не се донесени никакви одлуки“.
Кијив долго време бара дозвола од САД да напаѓа воени цели во рамки на руските граници.
Ихор Черниев, член на Врховната рада на Украина и шеф на делегацијата на неговата земја во Парламентарното собрание на НАТО, изјави за ЕЈ-Би-Си Њуз дека Украинците се надеваат на дозвола од САД да го користат воениот тактички ракетен систем АТАКМС за да ја нападнат Русија. Со најдолгиот досег на ова оружје може да се погодат цели на растојание од околу 460 киломери.
-Ова ќе ги инспирира Украинците и нашата армија, рече Черниев.
Руските аеродроми и воени складишта ќе бидат на врвот на листа на цели определана од Кјиев, доколку навистина се укинат американските ограничувања за користење на АТАКМС, додаде тој.
Британски Гардијан повикуваќи се на владини извори пишува дека Велика Британија одлучила да му дозволи на Кијив да ги користи ракетите „Сторм Шадоу“ за цели во Русија.
„Извори во британската влада објавија дека веќе е донесена одлука да и се дозволи на Украина да ја користи ракетата ‘Сторм Шадоу’ против цели во Русија, но тоа нема официјално да биде објавено во наредните денови“, пишува Гардијан.
Поврзано: