ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Советот на Општина Центар го отфрли барањето за донација за градење црква во Берлин, без ниту еден глас ЗА и без воздражани

September 12, 2024 10:15
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на Општина Центар на вчерашната седница не го изгласа барањето за донација на средства на „Македонска православна епархија за Европа – Берлин“ за изградба на црква. Против барањето за донација гласаа против 10 советници, немаше ниеден глас за и немаше воздржани, информираат од Општина Центар.

Градоначалникот Герасимовски пред советниците истакна дека законска обврска е секое барање за донација да се стави на гласање.

„Наша законска должносте да ја ставиме точката на дневниот ред и да дискутираме за истата. Шпекулациите на оваа тема беа очекувани со оглед на тоа дека се наближуваат локалните избори и само се гледа како по секоја цена да се добијат политички поени пред изборите. Но, граѓаните  се свесни и знаат што и колку кој има сработено во овие три години колку работиме, кој продава магла, а кој работи во интерес на граѓаните. Некои од порталите излегоа со невистини, колку ќе се донира  и само што не напишаа сума. Таргет беше градоначалникот,  бидејки голем дел од насловите беше дека Герасимовски донира, донирал или слично. Тоа го демантиравме на некој начин, но ќе ги замолам советниците  информации прво да побараат од  општината, а не да ја манипулираат со јавноста со инфилтрирање на лажни инфомации и приказни до порталите а потоа тие исти лаги да се шират во јавноста“, истакна Герасимовски.

Советниците отворија дискусија и за потребата од поставување клима уреди во основните училишта. Дел од советниците потенцираа дека јавноста и родителите се поделени во врска со ова прашање и затоа е потребно градоначалникот да изготви целосна информација за евентуалното поставување клими во училиштата, притоа земајќи ги предвид сите аргументи за и против донесување ваква предлог одлука.

На 40. Седница, Советот на Општина Центар усвои и предлог одлука за повторно доделување на бесплатни термини за КК Работнички во спортските сали на сите основни училишта.

Разгледани се и полугодишните извештаи на општинските сектори, како и два урбанистички проекти, известуваат од Општина Центар.

Поврзано: 

Герасимовски: Нема да ја поддржиме донацијата која ја бара МПЦ, граѓаните да не подлегнуваат на шпекулации

Next Post

Судството не го добива законски утврдениот процент од државниот буџет

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk