ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Јаневска: Петте закони кои се во работна верзија очекувам на гласање да бидат во ноември

September 13, 2024 11:33
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Петте закони што се во работна верзија: за основното, за средното, за средно-стручното образование, законот за образование на возрасни и законот за национална рамка за квалификации се очекуваат на гласање пред пратениците да се најдат во ноември, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која присуствуваше во Прилеп на доделувањето на сертификати за комплетирање на основното образование за возрасни, одговарајќи на прашањата за законските регулативи во образовниот систем.

Петте закони се во работни верзии и се истакнати на веб-страницата на Министерството и им претстои јавна расправа.

-Овие закони се веќе готови и се ставени на јавна расправа. Јавна расправа значи дека секој кој има забелешка може да ја даде за ние да ја разгледаме. Доколку сметаме дека е прифатливо се разбира дека ќе биде вклопено во законот. Пристапно е до сите чинители кои го сочинуваат образовниот систем – наставници, родители, повозрасни ученици, администрација. Искрено се надевам дека и нашите странски партнери кои се информирале и кои ни помагале во многу нешта ќе ги погледнат тие закони, ќе дадат свои сугестии. Откако ќе заврши јавната расправа треба да ги погледне собраниската Комисија за образование и наука, треба да помина на Влада и потоа одат во Парламент на гласање. Гласањето очекувам да биде во ноември, истакна Јаневска.

Законот за основно е приспособување на законите за средно и средно стручно образование. Закон за средно стручно образование досега немавме, а е неопходен за да се дозаокружат процесите на учење преку работа и учење во дуални паралелки што е исклучително значајно за нашата држава.

-Исто така и закон за средно образование каде што знаете дека многу, многу долги години, повеќе од 20 години, немаме никакви промени а треба да ги направиме во правец на модернизација на нашето општество и приближување кон ЕУ. Сѐ ќе се регулира во средното стручно образование. Дополнително ги регулираме прашањата околу инклузијата. На повик е ранливи групи вклучувајќи ги и децата со посебни потреби. Ги регулираме нивното присуство во образовниот систем, образовните асистенти и се она што им е неопходно за да стекнат соодветно образование на нивните можности, рече Јаневска.

Што се однесува до законот за високот образование, процесот ќе трае подолго време и нема да биде готов оваа година.

-Законот за високото образование е голем и е обемен закон и е потребно подолго време. Ние почнавме да работиме, но во консултации со универзитетите, Интеруниверзитетската конференција, Националниот совет и него очекуваме да го имаме во некоја посериозна драв верзија или како предлог по Нова година, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешниот престој во Прилеп на доделувањето сертификати за заокружено основно образование на возрасни.

Tags: ЗакониЈаневскаобразование
Next Post

ЦУК: Дождот ќе ги зголеми водостоите на реките , но не постои опасност од поплави

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk