ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муцунски за заемот од 500 милиони евра вели не видел докази дека Унгарија делува како параван на Кина, Орбан во посета на земјава до крајот на септември

September 17, 2024 00:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе допатува во посета во земјава до крајот на септември, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Според Муцунски, засега не се знае точно каде ќе се одржи оваа средба, а неофицијално се спомнува Охрид, а како потенцијални датуми 25 и 26 септември.

Запрашан за коментар на наводите дека Унгарија делува како параван на Кина во заемот од 500 милион евра за земјава, Муцунски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, вели дека не видел кредибилни докази за ваквото тврдење и дека заемот е од земја членка на Европската Унија, која во моментов претседава со ЕУ.

– Унгарија е земја чиј премиер редовно одржува билатерални средби со највисоките претставници на дел од земјите кои ги набројавте. Дури од нив е примен во нивните главни градови, со кои врши трговија, со кои има одлична дипломатска и економска соработка, така што ако сакаме да го гледаме низ призмата на одредени предизвици кои ги има, секогаш ќе има. Една земја членка нема да се согласува со друга, втора нема да се согласува со трета. Но, што би значело тоа, ако на Чешка или Словачка утре им се отвори некаков спор, ние треба да бираме со кој да соработуваме. Ние ќе соработуваме и со Германија и со Унгарија и Австрија и Франција, вели Муцунски.

Во однос на прашањето зошто Унгарија би имала интерес да и даде кредит на земјава во ситуација кога нејзините макроекономските показатели се далеку од сјајни – со огромен јавен долг и многу висок дефицит – Муцунски вели тоа е грижа на унгарскиот премиер и оти договорот е јавно објавен.

– Најголемата критика е дека за тој заем има адвокатски услуги кои се природни. Ако критиката е дека се плаќаат 70 илјади евра за заем кој е под сите пазарни услови, тогаш таа критика не држи. Која е позадината? Унгарија како земја која е најблиска до регионот на Западен Балкан, сака стабилност и препознава потенцијал во новата влада. Ако не можеме да обезбедиме заем под добри услови, не критикуваат дека земаме големи заеми. Сега проблемот е заемот доаѓал од земја членка на ЕУ и НАТО, но таа моментално имала несогласувања со ЕК и со неколку земји членки, рече Муцунски.

Муцунски вели дека тој како министер еднакво ќе ги третира сите потенцијални инвеститори без разлика дали доаѓаат од Унгарија, Словачка, Чешка или од САД, бидејќи тој како министер имал обврска да соработува со сите, да гради односи и да не биде селективен.

Прочитајте и…

Политико: Унгарија „тивко“ зема заем од 1 милијарда евра од кинеските банки

Tags: заем од УнгаријаКинаМуцунскиОрбан
Next Post

СДСМ: По вчерашното интервју на Сиљановска повеќе од јасно е дека таа нема достоинство да биде претседателка на државата

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk