РИБАРО
Премиерот на Нашата земја Христијан Мицкоски, од денеска до петок ќе престојува во работна посета на Брисел.
Тој денеска изјави дека сака фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани, да ја пренесе и таму.
Екипата на АХА дознава дека Премиерот има намера да пренесе и уште една, лична фрустрација во Брисел.
„Ќе им ја пренесам и мојата фрустрација за болните колена кои ме спречуваат да летам со авион во нормална економска класа, како цел поштен свет. Ќе им барам донација за владин авион на европјаните. Ако не дадат ќе се обратам лично до Орбан. Тој сигурно од Кинезите ќе издејствува да добиеме едно луксузно владино авионче. Кога можеше за кредитот од 500 милиона, шо па не и за еден авион. Па после нека се бунат еврофилите. А може да ми уплатат и бањско лекување. Ако се запнати да нè примат во ЕУ има да направат вакви жртви, шо“, рекол Мицкоски, дознава АХА.
Од Владата за АХА засега не ја потврдуваат оваа информација.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK