ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Таравари: Голем дел од од дефицитот на лекарски кадар ќе се надомести со приватните специјализанти

September 19, 2024 12:41
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Голем дел од од дефицитот на лекарски кадар во здравството ќе се надомести со приватните специјализанти од кои на последниот повик се пристигнати околу 480 апликации, а ќе се постапува според интересот на болниците. Се надевам дека во првите 300 доктори, дел од нив, можеби повеќе од 10, ќе ги ангажираме во Штип, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој денеска ја посети Клиничката болница во Штип и најави дека таму првите специјализанти може да се очекуваат до крајот на годината. Интерес изразиле околу 30 доктори.

-Разговаравме и со директорот, и кај него дошле специјализанти кои изразиле интерес, но и кај нас се дојдени, апликаците се веќе собрани, околу 480 доктори од вкупно 600, нормално, ќе постапиме по интересот на болниците. За во Штип информацијата е дека некаде околу 30 доктори изразуваат интерес, не само од Штип туку и од околните места, ќе постапиме според тоа што ќе го каже директоорт дека  е приоритет, изјави Таравари.

Според Таравари, со планираните вработувања на над 1000 лица во здравството  кои сега се ангажирани со договор на дело ќе се отвори можност за  нови договори поради огромниот дефицит на здравствениот кадар.

– Во здравството моментно, за жал, се ангажирани 2500 луѓе претежно средно  медицински кадар со договор на дело. Земавме обврска до крајот на годината на дел од нив, на над 1000 ќе се обидеме да им дадеме решение  и со тоа за да отвориме можност за  нови договори бидејќи навистина има огромен дефицит на доктори, но  посебно од болничари, хигиеничари и медицинси персонал, .. рече Таравари.

Во штипската Клиничка болница, како што рече директорот  Владко Захариев, има дефицит на кадри  во сите одделенија.

-Најалармантно е на Анестезија, Гинекологија, исто така ни фалат и доста општи хирурзи, исто и на интернисти, односно во сите одделенија, рече Захариев.

Tags: лекариприватни специјализанти
Next Post

Детонации на Воки-токи уреди што ги користеле членови на Хезболах во Бејрут, десетици убиени

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk