Бројот на жртви од експлозиите на телекомуникациските уреди – пејџери и воки-токи, на исламистичкото движење Хезболах во Либан во последните два дена се искачи на 37 мртви и 2.931 ранети, денеска соопшти либанскиот министер за здравство Фирас Абиад.
Министерот рече дека 12 лица загинале во првиот бран на пејџер експлозии во вторникот, 25 вчера, во вториот бран на воки-токи експлозии.
Претходниот биланс на жртви од експлозиите беше 20.