Илон Маск на својот профил на социјалната мрежа Х, објави дека SpaceX планира да лансира пет Starships на Марс за две години.
Основачот на SpaceX рече дека компанијата планира да лансира пет Starships без екипаж на Марс и ако сите безбедно слетаат, тогаш мисии со екипаж се можни за четири години. Маск исто така рече дека ако американскиот производител на вселенски летала се соочи со предизвици, мисиите со екипаж ќе бидат одложени уште две години.
SpaceX plans to launch about five uncrewed Starships to Mars in two years.
If those all land safely, then crewed missions are possible in four years. If we encounter challenges, then the crewed missions will be postponed another two years.
It is only possible to travel from… https://t.co/dzi03Hnyhg
— Elon Musk (@elonmusk) September 22, 2024
Тој вели дека е можно да се патува од Земјата до Марс само на секои две години, бидејќи тоа е моментот кога планетите се порамнети.
„Без разлика што ќе се случи со успешното слетување, SpaceX ќе го зголеми бројот на вселенски бродови кои патуваат до Марс експоненцијално со секоја транзитна можност“, рече Маск.
Милијардерот вели дека сака сите да можат да одат на Марс и дека „ќе има илјадници ѕвездени бродови што ќе одат на Марс“.
Една од неговите најголеми грижи, како што вели, е дека „програмата Starship е задушена од владина бирократија која расте секоја година“.
Тој вели дека евентуална победа на демократите на престојните избори би ја уништил програмата на Марс.
Подготви: Ј. Ѓ.