Раст на платите во јавната администрација се предвидени за идната година, во тек е подготовка на работна верзија која наредниот ќе треба да ги помине сите процедури, најави премиерот Христијан Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“.
Повисоки плати ќе има и во образованието и во други институции, долговите се враќаат, изјави претседедаелот на Владата, одговарајќи на новинарски прашања.
– Ќе има, предвидено е и тоа во рамките на буџетот имаме една работна верзија којашто ја досредуваме во периодот којшто следи, оваа недела би требало да ја доуредиме и почетокот на следната. И очекувам веќе следната недела да се најде на владина седница ова предлог верзија на буџетот за следната година, па потоа нормално како што е редот и процедурите да се најде пред пратениците во македонското собрание. Така што предвидени се раст на платите и во рамките на образованието и во други институции во зависност од можностите. Очекувам консолидирањето на заврши до крајот на годината, веќе голем дел од долговите полека, но сигурно се враќаат, полека, сметката на Владата излегува од онаа негативно салдо коешто го наследивме, изјави Мицкоски.