ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски ги извиси наставниците, годинава нема да добијат повисоки плати кои им следуваат со колективниот договор

September 24, 2024 15:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

После изјавата на Христијан Мицкоски јасно е дека власта ги извиси наставниците и оваа година нема да добијат повисоки плати, иако им следуваат согласно колективните договори, реагираат со соопштение од СДСМ.

„Со СДСМ наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата. Наставниците и граѓаните знаат дека во изминатите седум години, владата предводена од СДСМ ги зголеми платите во образованието, кумулативно за над 55 отсто. Пари за континуирано зголемување на платите во образованието обезбедувавме и во годините на здравствена, економска и енергетска криза. Платите требаше да продолжат да растат и овој септември да бидат покачени за 12%, но дојде ВМРО-ДПМНЕ и ја прекина низата на растот на плати во образованието. Ова значи целосно фијаско на политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, изневерени наставници и просветни работници. Една од најважните области, образованието, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја запоставија комплетно а наставниците ги понижија.  СДСМ бара власта да ја смени оваа погрешна политика и да ги покачи платите на наставниците и просветните работници, тоа е нејзина обврска“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Премиерот денеска изјави дека нема раст на платите оваа година, Мицкоски рече – планирано е за наредната

Раст на платите во јавната администрација се предвидени за идната година, во тек е подготовка на работна верзија која наредниот ќе треба да ги помине сите процедури, најави премиерот Христијан Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

Повисоки плати ќе има и во образованието и во други институции, долговите се враќаат, изјави претседедаелот на Владата, одговарајќи на новинарски прашања.

– Ќе има, предвидено е и тоа во рамките на буџетот имаме една работна верзија којашто ја досредуваме во периодот којшто следи, оваа недела би требало да ја доуредиме и почетокот на следната. И очекувам веќе следната недела да се најде на владина седница ова предлог верзија на буџетот за следната година, па потоа нормално како што е редот и процедурите да се најде пред пратениците во македонското собрание. Така што предвидени се раст на платите и во рамките на образованието и во други институции во зависност од можностите. Очекувам консолидирањето на заврши до крајот на годината, веќе голем дел од долговите полека, но сигурно се враќаат, полека, сметката на Владата излегува од онаа негативно салдо коешто го наследивме, изјави Мицкоски.

Tags: Мицкоскинаставнициплати
Next Post

Започна кампањата на ХЕРА „Во ист ритам“ за подигање на јавната свест за родовата еднаквост

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk