РИБАРО
Откако премиерот Мицкоски вчера се расфрли со „честитки за среќа“ до Снопче и Ахмети, денеска во изјава за АХА, вели – И на народот нека му е со среќа со мене!
Премиерот на Нашата земја Христијан Мицкоски му порача на Снопче „нека му е со среќа“ откако тој најави дека ВЛЕН ќе ја напушти владината коалиција. „Нека му е со среќа“ во истата изјава Мицкоски му порача и на Али Ахмети.
АХА го праша Мицкоски за тоа на каде оди државата со политиките на Владата што тој ја предводи.
„Премиере, мерките за намалување на маржата се мачкање на очи, цените не се намалуваат. Од овие мерки се офајдуваат само трговците. Исто така вашата блискост со Орбан кај кој не задолживте со 500 милиони евра е загрижувачка особено ако се земе во предвид фактот што парите најверојатно се од Кина. Оската Будимпешта-Пекинг-Москва ја носите на сцена, за тоа нели сте свесни. Наместо да го трасирате патот на Македонија кон ЕУ, нè здружувате со диктатори кои се отфрлени и од ЕУ и од вашата сестринска ЕПП. Со секоја арогантна изјава ги затегнувате и меѓуетничките односи. Што имате да му порачате на народот, Премиере?“
– Па, нека му е со среќа и на народот со ваков премиер како мене!, кратко изјави Мицкоски за АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK