ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Борел на средба со лидерите од Западниот Балкан: Членството на регионот во ЕУ е на дофат

September 26, 2024 12:28
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Западниот Балкан е составен дел од иднината на Европа и членството на земјите од регионот во ЕУ е на дофат, под услов да продолжат со спроведување на клучните реформи, порача високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жозеп Борел на неформалниот состанок со лидерите од регионот во Њујорк, на кој присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

– Зголеменото злонамерно влијание што ги поткопува реформските напори во регионот покажува дека треба уште потесно да соработуваме. Заедно, ќе создадеме побезбедна и попросперитетна ЕУ, објави Борел на Икс по состанокот.

Како што соопшти денеска Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), средбата, одржана доцна синоќа по средноевропско време на маргините на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации, ја одразува посветеноста на Европската Унија за партнерство со идните земји членки од Западниот Балкан.

– Таа служи како повод за размена на мислења за теми од заеднички интерес, надвор од проширувањето, и за прашањата поврзани со глобалната безбедност и стабилност. Дискусијата се фокусираше на итните геополитички предизвици, особено на штетното влијание на руската агресија врз Украина и на напорите на Кина да го прошири своето економско влијание, се наведува во соопштението.

Според ЕЕАС, Борел и лидерите од Западниот Балкан разговарале и за важноста од зајакнување на отпорноста, нагласувајќи ја потребата од стратешко усогласување со Европската Унија за да се заштити регионалната стабилност.

– Високиот претставник Борел истакна дека Западен Балкан е составен дел од иднината на Европа. Тој ја нагласи важноста и силата на врските ЕУ-Западен Балкан и повтори дека членството во ЕУ е на дофат, под услов клучните реформи да продолжат со обновен фокус, посочува ЕЕАС.

Во соопштението се додава и дека неформалниот состанок во Њујорк бел можност да се потсети на потребата од решавање на постоечките билатерални спорови.

– Високиот претставник Борел ја потенцира важноста на добрососедските односи постигнати преку дијалог и компромис како суштински чекори кон интеграцијата во ЕУ. Лидерите мора да преземат храбри стратешки одлуки за да ги унапредат своите европски аспирации. Високиот претставник Борел заврши со реафирмирање на посветеноста на ЕУ за поддршка на Западниот Балкан на европскиот пат, истакнувајќи дека проширувањето останува главен приоритет за ЕУ, се додава во соопштението.

Инаку покрај Сиљановска-Давкова, на средбата со Борел присуствуваа и претседателите на Косово и на Србија, Вјоса Османи-Садриу и Александар Вучиќ, претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама и вицепремиерот за надворешни и европски прашања на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

Tags: БорелЗападен Балкан
Next Post

(ФОТО) Сè уште не е пронајден исчезнатиот белгиски државјанин, МВР апелира ако граѓаните имаат информации да пријават

Shortcut

Најново

Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk