ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче на Канал 5: Мицкоски нема право да ги прекине преговорите со ЕУ, државата не е негова приватна своина

September 26, 2024 20:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Само интервју“, телевизија Канал 5.

Toj посочи дека условите што треба да се исполнат за членството во ЕУ се јасни, прецизни и во ниту еден момент не ги загрозуваат националните интереси и идентитетот на државата. Во интервјуто Филипче потенцираше дека се разобличи лагата на ВМРО ДПМНЕ која ја ветуваше во предизборниот период, односно дека ќе обезбедат подобра преговарачки услови.

„ВМРО ДПМНЕ дојде на власт со една би рекол величенствена претстава, една голема лага со која што ветуваше дека ќе ги подобри условите со кои што ние ќе преговараме со ЕУ, дека ќе го подобри францускиот предлог, и сега според кажувањето на Мицкоски, излегува дека ако ова е диктат и дека нема понатаму. Ние не гледаме ниту една иницијатива да се подобрат тие услови за преговарање. Што направи премиерот освен што ги влоши билатералните односи со Грција и со Бугарија после изјавите на вицепремиерот Николовски, поради што сега бугарското Собрание усвојува Декларација во која што кажува дека било која Влада натаму нема да има право да ги смени условите за преговарање“, рече Филипче

При тоа, Филипче посочи дека изјавите на Мицкоски и оправдувањата на неговите ставови во однос на Бугарија, се политички некоректни.

„Станува збор за иднината на државата, станува збор за надежта на луѓето, на граѓаните на едни нови генерации кои што доаѓаат и кои што иднината на земјата ја гледаат во ЕУ. Тие немаат право да си играат со иднината на државата и со луѓето кои живеат тука и сите следни генерации , затоа што прашањето во сите анкети за тоа дали граѓаните сакаат да бидат од ЕУ е апсолутно позитивно и огромен дел од граѓаните тоа го посакуваат. Оваа Влада сама ги влоши позициите со Бугарија. Прво, авто-блокада досега не направила ниту една Влада. Христијан Мицкоски кажува дека ние не можеме да почнеме преговори затоа што се плашиме од некоја друга блокада понатаму, таков став навистина не е политички коректен. Не може ние да си направиме и да си воведеме автоблокада плашејќи се да не Бугарија направи други блокади понатаму. Какво и да биде барањето понатаму ако воопшто има и се сложувам дека може да излезат различни ситуации, ЕУ ќе биде на масата за преговори и тогаш не може да поминат ирационални барања или некакви блокади од страна на Бугарија“, посочи претседателот на СДСМ Филипче, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.

Tags: ЕУинтервјуМицкоскиФилипче
Next Post
Бранко Тричковски

Трагедија и сатисфакција

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk