ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Кои се најкрупните грешки во родителското воспитување?

September 26, 2024 15:02
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

 Да се ​​биде родител честопати е сложена улога. Како родител, секој сака да даде сѐ од себе, но неизбежно е, во одреден миг, и да се погреши некаде.

Без разлика дали ненамерно правите премногу строг распоред за своите деца или не им давате доволно простор и време за нивните игри и хобија, сѐ тоа може да биде предизвик за родителите во справувањето со пречките на патешествието наречено родителство. Така, не постојат совршени родители, но некои грешки може да се избегнат, а има и битни, витални работи за коишто возрасниот треба да биде свесен, пишува порталот „Кликс“.

Постојат многу вообичаени погрешни чекори што повеќето родители ќе ги направат од време навреме, но сѐ тоа може и да се избегне. Следат дел од тие грешки во воспитувањето.

Претерано заштитништво и ограничување на можностите на детето

Воообичаено, детето е љубопитно суштество по природа. Постојано истражува и бара начини да го разбере светот околу нив. Како родители, природна е потребата да ги заштитиме децата во секое време. Но, не треба да ги ограничуваме нивните можности за учење и истражување на светот околу нив. Најдобар начин децата да учат е да ја истражуваат околината и сами да собираат нови информации.

Совет: Во ред е да му се дозволи на секое дете да добие повремени мали гребнатини и модринки коишто доаѓаат со учењето нови работи или некој прв потежок обид за нешто ново.

Споредување со другите деца

Кога се споредува своето дете со другите, тоа може да има штетно влијание врз личноста во развој, особено кога се работи за негативна споредба. Ова може да ѝ наштети на неговата самодоверба и да предизвика социјални проблеми коишто потоа влечат последици во текот на цел живот на детето.

„Совршеното“ дете

Многу родители се обидуваат да одгледаат „совршено“ дете. Родителите-перфекционисти поставуваат премногу строги правила, ги принудуваат своите деца да се однесуваат според нереални начела и никогаш не ја намалуваат својата строгост ниту една секунда. Но, обично, таквите деца потоа секако не се совршени, туку – препотентни, надмени и себични луѓе.

Нереални очекувања

Децата се развиваат со свое темпо. Токму затоа, родителите мора да ги усогласат своите очекувања со она што нивните деца можат да го постигнат.

Важно: Секое дете има свој пат и свој уникатен начин на развој, па треба да се третира соодветно на тоа.

Непоставување граници

Правилата и границите се од суштинско значење кога станува збор за воспитување среќни, самоуверени и добро воспитани деца. Важно: Родителските правила не треба да ги ограничат децата да уживаат во своето детство.

Правилата и ограничувањата постојат за да ги поучат децата да разберат кое однесување е прифатливо и безбедно, а кое – не.

Tags: децародители
Next Post

Прашања што не се поставуваат на првиот љубовен состанок

Shortcut

Најново

Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk