ВМРО-ДПМНЕ се приклонува на Орбановата страна наместо на таа на мејнистрим десничарската Европска Народна Партија, вели политичкиот аналитичар Бесим Небиу, коментирајќи ја најавената посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Северна Македонија.
– Орбан е стар пријател и сојузник на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа посета надвор од бизнис и економското значење, во надворешно-политичка смисла, е знак дека ВМРО-ДПМНЕ се приклонува на Орбановата страна наместо на таа на мејнистрим десничарската Европска Народна Партија. Во таа насока оди и поларизацијата со Бугарија и Грција, во која владејачки или водечки партии се токму партии членки на ЕПП, изјави за „Фронтлајн“, Бесим Небиу – политички аналитичар.
Д. Јонузи