ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерот Таравари одржа говор на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН

September 27, 2024 11:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Алијанса за Албанците и министерот за здравство Арбен Таравари учествуваше на состанокот на високо ниво за антимикробна отпорност 2024 година во Генералното собрание на Обединетите нации, информираат од кабинетот на Министерот.

Оттаму истакнуваат дека во својот говор на 79-та сесија пред Генералното собрание на ОН, министерот Таравари ја истакна посветеноста на Северна Македонија во борбата против глобалната закана од антимикробна отпорност како важен предизвик за јавното здравје и одржливоста на здравствениот систем по пандемијата COVID-19.

Таравари, како што се наведува во соопштението, ја потврди заложбата за почитување на Резолуцијата 71/3 на ОН и имплементацијата на патоказот на СЗО за периодот 2023-2030 година, споменувајќи неколку достигнувања на Северна Македонија како што се надзорот на РАМ, подигањето на свеста за употребата на антибиотици и зајакнувањето на лабораториските капацитети, нагласувајќи ја важноста на мултисекторскиот пристап наречен „Едно здравје“ кој го вклучува здравјето на луѓето, животните и животната средина.

Министерот Таравари во оваа прилика повика на глобална соработка за борба против антимикробната отпорност за заштита на здравјето на идните генерации. „Додека се подготвуваме за 4-та министерска конференција за антимикробна отпорност во ноември 2024 година, ги повикуваме претставниците на сите земји-членки овде да се обединат во нашите напори против РАМ. Заедно, можеме да го заштитиме здравјето на сегашните и идните генерации“, рече Таравари.

Tags: ОНТаравари
Next Post

Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk