ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Три македонски филмови на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси

September 27, 2024 14:12
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Три филмови на македонски режисери ќе бидат прикажани на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси (ФИФН), во рамки на програмата „Aye Aye Cinema Express“, што се одржува од 25 до 29 септември годинава.

Според програмата, ќе биде прикажан филмот „Џипси Меџик“ на режисерот Столе Попов, кој во 2016 година на барање на еден од главните актери на филмот Предраг – Мики Манојловиќ беше повторно преведен и титлуван на француски јазик и повторно и беше прикажан на француската публика, која и му ја додели наградата на публиката.

Во селекцијата на фестивалот се наоѓа и краткометражниот филм на Марко Ѓоковиќ „Еклер“, кој во 2017 година ја доби Големата награда на фестивалот за краткометражен филм.

Француската публика исто така ќе има можност повторно да го открие и краткометражниот експериментален филм на Милчо Манчевски   „Kрајот на времето“.

Публиката на ФИФН е навикната да гледа македонски филмски продукции, кои се редовно застапени на големиот екран. Изминатата година тука беше претставен филмот „До Балчак“ и „Џипси Меџик“ со наградата на публиката на Столе Попов, а беа прикажувани и филмовите „Пред дождот“ и „Мајки“ на Милчо Манчевски, „Панкот не е мртов“, „Незаборавена пролет во заборавено село“ на Куштрим Бектеши, „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Митевска, „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски, кој ја доби наградата на публиката, „Годината на мајмунот“ на Владимир Блажевски, како и Големата награда на фестивалот за „Со љубов“ на Илија Цветковски во селекцијата на документарни филмови во 2018. „Медена земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска првпат беше прикажан во Франција на фестивалот во Нанси, како и „До Балчак“ на Столе Попов,  Игор Иванов Изи со филмот „Хомо“ беше и член на жирито на фестивалот и  Вардан Тозија со филмот „Џган“.

Во 2024 година, Фестивалот организираше посебен фокус на филмската продукција на земјите од Балканот: Северна Македонија,  Грција, Албанија, Косово, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Во рамки на фестивалот беше помесетена и изложбата на „Фотографското творештво на браќата Манаки во контекст на Првата светска војна“ од авторот Роберт Јанкулоски.

Со овој филмски фестивал во Франција, волонтерски раководи Тони Гламчевски – новинар и дописник на повеќе македонски медиумски куќи во Франција, кој ја врши функцијата претседател и главен селекционер (уметнички директор) на фестивалот од 2013 година, заедно со неговата сопруга Бландин Брунхес – Гламчевски – директорка на фестивалот.

Филмскиот фестивал од Нанси веќе неколку години соработува со Центарот за култура – Битола во организирањето на филмскиот фестивал за млада публика „Малата школа на краткиот филм“, која годинава се очекува по четврти пат во Битола и Меѓународниот етнографски филмски фестивал – Илинденски денови од Битола. Целта на фестивалот од Нанси е надминување на  границите и предрасудите.

Next Post
Фото:Драмски театар

Меѓународниот театарскиот фестивал „Рута“ во Драмски театар од 15 до 20 октомври

Shortcut

Најново

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk