ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Танеска, 100 дена ВЛАДА: Првите 100 дена од мандатот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираат со сериозни економски пропусти и неодржливи политики

October 1, 2024 11:44
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Соња Танеска, новинарка и експертка за економски прашања, во изјава за ЦивилМедиа оценува дека „првите 100 дена од мандатот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираат со сериозни економски пропусти и неодржливи политики“, почнувајќи од најавената „есенска кошничка“ до „неодговорните задолжувања“.

„Првите 100 дена од мандатот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираат со сериозни економски пропусти и неодржливи политики. И покрај навестувањата за ‘есенска кошница’, цените на основните производи речиси и да не претрпеа значајни корекции. Дополнително, неодговорните задолжувања преку унгарски кредити и државни обврзници го продлабочуваат долгот, без да се спроведат суштински реформи за подобрување на економската стабилност“, изјави Танеска за ЦивилМедиа.

Според нашата соговорничка, социјалните мерки имаат популистички карактер и „претставуваат сериозен фискален ризик“.

„Популистичките мерки за зголемување на пензиите, иако краткорочно популарни, претставуваат сериозен фискален ризик и ќе предизвикаат големи дефицити во државниот буџет во случајот над 200 милиони евра. Во меѓувреме, нема никаква најава за законски измени кои би ја подобриле наплатата на придонесите, а недостасуваат средства за раст на платите. Ова е особено загрижувачки во контекст на соседните земји, каде што забележуваме континуиран раст и на минималните и на просечните плати“, анализира Танеска во изјавата за ЦивилМедиа.

Понатаму, Танеска го анализира и јавниот долг и буџетскиот дефицит по ребалансот на буџетот со решенија „спротивни на заложбите за фискална консолидација“.

„Согласно последните податоци, за вториот квартал јавниот долг е на ниво од 60.5%, што го надминува фискалното правило од јавен долг под 60 % од БДП. Дополнително, со продлабодувањето на буџетскиот дефицит со ребалансот на буџетот од 3,4% на 4,9%, притисокот врз задолжувањето се зголемува. Тоа е спротивно на заложбите за фискална консолидација, но и кршење на фискалните правила поставени во Законот за буџети“, алармира Танеска во изјавата за ЦивилМедиа.

Алармантна е и оценката на Танеска во контекст на финансиската поддршка за земјата од ЕУ, што е последица од стопирањето на проектите поврзани со Коридорот 8, како и други аспекти на прашањето за инвестициите и економскиот раст, како и перспективите по одвојувањето на Албанија од Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите.

„Истовремено, постои сериозна опасност Македонија да изгуби финансиска поддршка за над 120 ЕУ проекти, како резултат на стопирањето на Коридорот 8, кој е од витална стратешка важност за државата. Владата, пак, го фаворизира Коридорот 10, што е од поголем интерес за Унгарија и Кина, со цел подобра поврзаност со грчките пристаништа под кинеска контрола. Дополнително, промовираните инвестиции всушност се наследени од претходната влада, а без нови инвестиции на економски раст, а ќе ги има се помалку бидејќи во моментот Албанија ќе стане поатрактивна земја за започнување бизнис поради отворањето на поглавјата, новата Влада ја загрозува и иднината на македонската економија“, оценува Танеска во изјавата за ЦивилМедиа.

Џ. Д. / Цивил Медиа

Tags: 100 дена владаекономијаКоридор 8кредитипопулизамУнгарија
Next Post

Марк Руте ја презеде должноста генерален секретар на НАТО

Shortcut

Најново

Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk