ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Телото на Марадона да биде пренесено во мавзолеј во Буенос Аирес

October 2, 2024 09:49
in ДЕНЕС, СПОРТ
Неапол. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Неапол. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Судот во аргентинскиот град Сан Исидро дозволи телото на легендарниот фудбалер Диего Марадона да биде преместено во мавзолеј во изградба во центарот на Буенос Аирес, пренесува „Clarin“.

Дозвола за пренесување на телото побарале ќерките на Марадона, Далма и Џанина.

– Бидејќи пренесувањето на телото се бара од хуманитарни и емоционални причини, а тоа е да им се дозволи на роднините и другите да дојдат и да изразат сочувство или да му оддадат почит на некој близок, освен ако пренесувањето на посмртните останки на кој било начин би ја загрозило нивната безбедност, нема причина да се одбие барањето, се вели во соопштението на судот.

Диего Марадона почина на 25 ноември 2020 година на 60-годишна возраст. Причината за смртта е акутна срцева слабост. Марадона е погребан на приватни гробишта во предградието на Буенос Аирес, кои се затворени за јавноста.

Изградбата на мавзолејот во кој се планира да биде пренесена пепелта на фудбалерот треба да заврши во 2025 година.

Диего Марадона е светски шампион од 1986 година со репрезентацијата на Аргентина. На клупско ниво играше за Аргентинос Јуниорс, Бока Јуниорс, Њуелс Олд Бојс, Барселона, Наполи и Севилја. Фудбалерот двапати стана шампион на Италија, а по еднаш го освои Купот, Суперкупот и Лига Купот на Шпанија, Купот и Суперкупот на Италија и Купот на УЕФА.

Марадона важи за еден од најдобрите фудбалери на 20 век.

Next Post

Пезешкијан: Ракетниот напад е одлучен одговор на израелската агресија

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk