ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грција испраќа транспортен авион во Либан за евакуација на грчки и кипарски државјани – во Атина зголемени безбедносни мерки

October 3, 2024 09:27
in ДЕНЕС, РЕГИОН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 60 лица, грчки и кипарски државјани се очекува да бидат евакуирани со транспортен авион Ц-130 на военото воздухопловство на Грција што веројатно денеска ќе замине за Либан, според информациите во грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Министрите за одбрана на Грција и Кипар, Никос Дендиас и Василис Палмас вчера имаа телефонски разговор во кој се договориле Грција да му стави на располагање на Кипар Ц-130 за евакуација на кипарски државјани од Либан, а како што објавија медиумите, конкретниот транспортен авион се очекува денеска да замине за Бејрут.

Планот за евакуација на Грците од Либан, била една од темите на вонредниот состанок на владиниот совет за национална безбедност што вчера попладне го одржа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и на кој, како што објави МИА, била разгледана и оценета состојбата на Блискиот исток и безбедносната ситуација.

Весникот „Катимерини“ пишува дека во Атина е зголемена претпазливоста и за можните бегалски бранови и за тероризмот, поради што се засилени и безбедносните мерки.

На вчерашниот состанок во Премиерската палата, според весникот, биле разгледани евентуалните мерки што првично би можеле да се воведат, како што е зголемување на капацитетите во некои од 33 центрите за прием на бегалци во земјата.

Дополнително, „Катимерини“ пишува дека „полицијата и Националната разузнавачка служба се во состојба на готовност поради опасност од терористички напад врз цели од израелски интерес, по последните случувања на Блискиот Исток“ и како пример ги споменува експлозиите во близина на израелската амбасада во Копенхаген, а стравувањата дека и во Грција би можело да се случи нешто слично ги активирало надлежните органи, по што полицијата издала наредба со која се бара зголемување на безбедносните мерки кај евентуални цели на насилни напади.

– Мерките што се преземаат надлежните ги карактеризираат како построги во однос на оние од претходните месеци, а тоа се должи на ескалацијата на кризата во Израел, Либан, Иран и во Појасот Газа. Во планот на полицијата за главниот град учествуваат единици на тајната полиција од Секторот за борба против тероризам, од државната безбедност, како и униформирани полицајци, пишува „Катимерини“.

Додава дека дополнителен фактор за загриженост се повиците за собири и протести за солидарност за Палестина, по повод навршувањето на една година од терористичкиот напад на Хамас во Израел и почетокот на војната.

Tags: авионГрцијаевакуацијаЛибан
Next Post

ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk