ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски стана комедијант, задоволен бил дека во првите 100 дена нема афери и скандали

October 3, 2024 13:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Задоволен сум од работата на Владата во изминатите 100 дена без афери и скандали“ ја прогласуваме за досега наjкомична изјава на премиерот Христијан Мицкоски, реагираат од СДСМ.

Оттаму велат дека „Мицкоски очигледно решил да се мајтапи со граѓаните или мисли дека никој не памти што се случуваше.“ Оваа Влада е влада која има продуцирано најмногу скандали за првите 100 дена од било која Влада во историјата, нагласуваат од СДСМ.

„Бидејќи не го држи помнењето еве да го потсетиме само неколку клучни скандали. Скандалот на скопскиот аеродром каде пиштолџијата на неговиот коалициски партнер Гаши се закануваше со пиштол, а Мицкоски се правеше на Тошо. Скандал со организрано пуштање на слобода на Блерим Рамадани од МВР и Наим Рамука, за кој повторно тој ништо не знаеше.

Скандал е Силјановска да оди да се слика без знаме а потоа сите други да бидат криви освен таа и нејзиониот протокол. Скандал е и да се лаже дека се донела нова инвестиција а таа да била целосно на СДСМ па Мицкокси се пофали со неколку такви. Ова не само што е скандал туку потврдува колку Мицкоски е малодушен и не сака да признае ничив успех. Скандал е и да нема пари за повисоки плати за граѓаните, ама да има за бизнис карти од 20.000 кои се криеја од јавноста.

Дали Мицкоски исто не го виде скандалот со неговиот генерален секратр кој случјано на поклон доби 325.000 евра имот, или министерката Божиновска чија фирма должела 1 милион евра на Мепсо?

Дали случајно не знае дека неговиот телхранител кој тепаше полицајци на службена должност не само што е ослободен, туку ќе биде и командант на тигрите? Скандал е да се поставуваат лица со криминално минато на директорски позиции, скандал е да се поставуваат луѓе без лиценци за ревизори, скандал е да се поставуваат три директори во Царина за подобро да се краде на границите. Скандал е и професор по физичко да биде заменик министер во МВР, ама па за Мицкоски тоа е нормално ако може бивш затвореник да биде директор на затвор. И тоа за него не е скандал.

Скандал е да нема одговорност за десетици нерасчистени убиства, скандал е да нема одговорност за 10% изгорена територија на државата, додека тој убедуваше дека ќе се среди се два до три дена.

Скандал до скандал е Владата на Мицкоски, па можеби затоа не може да се сети, бидејќи скандалите за нив се секојдневие. Оваа коминчна интерпретација на Мицкоски повеќе делува несериозно или покажува дека тој не живее во реалноста.

Секако аферите и скандалите нема да исчезнат од вицкастите изјави на Мицкоски“, се нагласува во соопштението од СДСМ.

Претходно премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали е задоволен од првите 100 дена нова Влада истакна: Задоволен сум од првите 100 дена, покажавме дека може да се работи посветено за граѓаните, без скандали и афери.

Поврзано:

Мицкоски: Задоволен сум од првите 100 дена, покажавме дека може да се работи посветено за граѓаните, без скандали и афери

 

Tags: 100 дена владаМицкоскиСДСМ
Next Post

(ВИДЕО) Трајчулески: За ВМРО-ДПМНЕ партиските интереси се многу поголеми од безбедноста на граѓаните во сообраќајот

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk