ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација

October 3, 2024 15:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците во рамки на денешната 16-та пленарна седница ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација. 

Пратеникот на „Европскиот фронт“, Сали Мурати истакна дека во измените има неколку недостатоци од процедурален аспект, суштински и правни недостатоци и практични проблеми во применувањето на овие измени и дополнувања на овој Закон.

-Од процедурален недостаток е предлогот за носење по скратена постапка е неосновано, според мене, бидејќи се работи за суштински измени на Законот кои директно влијаат на правата на граѓаните. Исто така, измените не се едноставни и технички како што е согласно Деловникот. Потребна е широка јавна расправа за оваа проблематика и не е приложена анализа на примената на постојниот закон за да се пристапи кон овие измени и дополнувања . Од суштински правен аспект, недостатоците на овој закон се продолжувањето на рокот за привремен застапник заземен на четири години е предолг период и може да води кон злоупотреби. Исто така, не се прецизирани критериумите за образложен предлог при продолжување на рокот од две до четири години. И н е јасно дефинирана постапката за надомест за раскинување при раскин со спогодба што се предлага. Недостасуваат преодни одредби за веќе склучените спогодби. Како правни недостатоци, според мене, на законското решение постои неусогласеност помеѓу разни членови, рече Мурати.

Во Собранието исто така денеска беше одбележан Меѓународниот месец на борбата против ракот на дојка. Пред пратениците се обрати претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Жаклина Пешевска истакна дека ракот на дојка е втор најчесто дијагностициран рак кај жените по ракот на кожа, а е втор по причина за смрт од рак по ракот на бели дробови.

Таа потенцира дека честотата на оваа болест во последните 30 години расте на глобално ниво и тој пораст изнесува 3,1 проценти годишно, а морталитетот варира.

-Истражувањата покажуваат дека во просек една до осум жени во својот живот ќе развијат рак на дојка. Околу две третини од жените се на возраст од над 55 години, а останатите се помеѓу 35 и 54 години. На светско ниво има околу 2,1 милион новодијагностицирани случаи на карцином на дојка кај жени. Но иако оваа болест е една од најсмртоносните видови на рак кај жените, оваа болест ги погодува и мажите од еден до два проценти. Напредокот на медицината, болеста рак на дојка ја класифицира во болест која се повеќе е излечива, која може да се победи доколку рано се открие. Раната дијагностицирање е можност за оваа болест да се лекува, можност за живот и затоа сите ние треба да и го посветиме потребното внимание. Редовните лекарски контроли, самоконтролите и контролите во специјализираните лекарски установи можат да ни го спасат животот, а животот не заслужува изговори, рече Пешевска.

Пешевска со повик до жените да му го посветат потребното внимание на нивното здравје и редовните лекарски контроли да станат дел од нивниот живот.

-Драги девојки, никогаш не е рано за да се грижите за вашето здравје. Драги сестри, жени и мајки најдете време да се грижите за себе како што се грижите за вашите сакани и не заборавајте дека секој преглед е важен, рече пратеничката Пешевска.

Tags: експропријацијаЗаконот за спречување перење пари и финансирање на тероризамСобрание
Next Post

Коалиција „Менуваме“ најавува протест доколку не се исплатат надоместоците на персоналните асистенти

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk