Земјата сè повеќе го влошува рејтингот на меѓународните финансиски пазари. Од друга страна, негативните последици паѓаат на плеќите на населението кое уште повеќе осиромашува.
Надворешниот јавен долг продолжува значително да расте во земјите од Западен Балкан. Податоците за оваа година покажуваат натамошно зголемување на обврските кон надворешните кредитори. Од земјите во регионот, Косово има најнизок надворешен долг на Балканот, додека Северна Македонија и Црна Гора бележат највисоки бројки во регионот.
Насир Селими – професор на факултетот за бизнис и економија при Универзитет на Југоисточна Европа вели дека тоа сигнализира влошување на економско-финансиската состојба на земјата.
– Земјата сè повеќе го влошува рејтингот на меѓународните финансиски пазари. Од друга страна, негативните последици паѓаат на плеќите на населението кое уште повеќе осиромашува. Ова е уште позагрижувачки кога финансиските средства што се позајмуваат не се користат за развојни проекти и отворање нови работни места. Загрижувачки е и фактот што изворот на паричните кредити и условите под кои се позајмуваат се исти, изјави Селими за „Фронтлајн“.
Во целиот регион, најкритична состојба се јавува во Црна Гора и Северна Македонија, во однос на Бруто домашниот производ. Надворешниот долг на Црна Гора е 68,4 отсто, покажуваат официјалните податоци од Подгорица, надминувајќи го критичното ниво од 60 отсто според меѓународните стандарди. Северна Македонија, од друга страна, е многу блиску до ова ниво, со надворешниот долг кој достигнува 58,3 отсто од БДП.
Поврзано:
Македонија „трча“ по Црна Гора со највисок надворешен долг од земјите на Западен Балкан
Дестан Јонузи