ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Македонија „трча“ по Црна Гора со највисок надворешен долг од земјите на Западен Балкан

October 2, 2024 11:13
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Надворешниот јавен долг продолжува значително да расте во земјите од Западен Балкан. Податоците за оваа година покажуваат натамошно зголемување на обврските кон надворешните кредитори. Од земјите во регионот, Косово има најнизок надворешен долг на Балканот, додека Северна Македонија и Црна Гора бележат највисоки бројки во регионот.

Насир Селими – професор на факултетот за бизнис и економија при Универзитет на Југоисточна Европа вели дека тоа сигнализира влошување на економско-финансиската состојба на земјата.

– Земјата сè повеќе го влошува рејтингот на меѓународните финансиски пазари. Од друга страна, негативните последици паѓаат на плеќите на населението кое уште повеќе осиромашува. Ова е уште позагрижувачки кога финансиските средства што се позајмуваат не се користат за развојни проекти и отворање нови работни места. Загрижувачки е и фактот што изворот на паричните кредити и условите под кои се позајмуваат се исти, изјави Селими за „Фронтлајн“.

Со новото задолжување од Унгарија државниот долгот ќе го пробие плафонот од 60%, далеку над дозволениот процент од 60%, алармира македонската опозиција. Вкупниот износ на заемот од Унгарската експорт – импорт банка изнесува 500 милиони евра.

Македонија ќе се задолжи од унгарската експорт Импорт банка, а според текстот на законот ќе треба да плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од Унгарската банка. Провизијата од 70.000 евра за правни услуги ќе се плати пред повлекување на првите пари од Ексим банката.

Парите од кредитната линија се обезбедуваат со камата од 3,25 отсто, 15 години отплата и 3 години грејс-период. Ова практично значи дека кредитот ќе се отплаќа до 2039 година.

Владата најави дека 250 милиони евра ќе бидат наменети за финансиска поддршка на домашните компании, а 250 милиони за инфраструктурни проекти за општините.

Средствата од кредитот кој нема да се повлечат ќе се пресметува камата. Договорот за заемот е регулиран според законите на Унгарија, а доколку настане спор меѓу двете држави, тој ќе се решава на арбитража пред судот во Хаг.

Надворешниот долг е дел од долгот на една земја позајмен од странски заемодавачи, вклучувајќи комерцијални банки, влади или меѓународни финансиски институции.

Во целиот регион, најкритична состојба се јавува во Црна Гора и Северна Македонија, во однос на Бруто домашниот производ. Надворешниот долг на Црна Гора е 68,4 отсто, покажуваат официјалните податоци од Подгорица, надминувајќи го критичното ниво од 60 отсто според меѓународните стандарди. Северна Македонија, од друга страна, е многу блиску до ова ниво, со надворешниот долг кој достигнува 58,3 отсто од БДП.

Додека Косово е земја со најнизок надворешен долг во регионот, покажуваат податоците на Министерството за финансии на Косово. Со 580 милиони евра надворешни обврски, Приштина е единствената која не надминува ни 1 милијарда евра надворешни долгови во регионот, додека овој долг сочинува околу 6,87% од Бруто домашниот производ. Босна и Херцеговина, исто така, има прилично ниско ниво на надворешен долг, околу 22,2% од нивниот БДП. Албанија има надворешен државен долг кој достигнува 34,1% од БДП, додека надворешниот долг на Србија надминува 20 милијарди евра, што е 34,5% од домашниот производ.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаЗападен Балканнадворешен долгНасир Селими
Next Post

Лимко Бејзароски нов претседател на КСЗД, заменик-претседател Флора Кадриу

Shortcut

Најново

Фото: Википедија

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

June 4, 2026

АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

June 4, 2026

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk