Пожарот во магацинот во подрумските простории во зграда на улицата „Прохор Пчински“ бр.136 во скопската општина Чаир е изгаснат вчера, во 9:30 часот, но превентивно се уште на терен дежураат девет пожарникари со три противпожарни возила. информираат од ЦУК.
– Причините за пожарот и висината на направената материјална штета ќе бидат дополнително утврдени, се вели во соопштението.