Општина Берово ќе додели еднократен паричен надоместок за семејствата на лица со попреченост до 26 години, соопшти денеска градоначалникот на Општината, Звонко Пекевски.
– Се известуваат жителите на Општина Берово дека предвидена е мерка со која по 10.000 денари ќе добијат семејствата на лицата со попреченост , како еднократен паричен надоместок. Целта на оваа мерка е да се помогне на овие семејства, да можат да покријат дел од трошоците и да биде придонес во семејниот буџет, рече Пекевски.
Паричните средства за оваа мерка, како што додаде, се обезбедени од Буџетот на Општина Берово.
– Сите членови во општеството се важни а понекогаш, некому малку, навистина значи.
Грижата за сите во локалната заедница е важен фактор во севкупниот развој на истата, додаде Пекевски.
Активноста се реализира во рамки на Програмата за социјална заштита за 2024 година на Општина Берово.