ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Мицкоски ја носи правичната застапеност пред Венецијанска комисија, ВРЕДИ „аминува“, ДУИ најавува протести

October 14, 2024 13:35
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Укинувањето на балансерот како алатка за вработување по етничка линија, го покрена прашањето за правичната застапеноста на етничките заедници во земјата, и поттикна политички реакции и контроверзии.

Партиите на власт нудат законско решение за замена на балансерот како правна алатка.

Законското решение за правична застапеност мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија, изјави премиерот Христијан Мицкоски, а од коалициониот партнер во владата ВРЕДИ најавија дека новиот закон веќе е во подготовка и од следната недела ќе се организира јавна дебата.

„Јас нема да бидам секундант, но она кое што го знам е дека новото законско решение мора да биде уставно и мора да биде согласно препораките на Венецијанската комисија. Затоа, можеби е подобро пред да биде донесено во Парламентот, да се испрати на мислење, за да не се доведуваме во ваква состојба, ние да се претвораме во уставно правни експерти, а не сме, и да кажуваме како требало“, подвлече Мицкоски.

Политичкиот аналитичар Бесим Небиу вели дека законот би требало да донесе повисок степен на објективност во определувањето на етничката припадност, т.е. тие што се припадници на одредена заедница да не мора да ја променат својата припадност, само за да поминат на конкурс.

– Еден начин за тоа е воведување на сертификација за познавање на јазик. Завршено образование на тој јазик или серификат за испиот би можеле да бидат такви докази, на пример. Ако кандидатот се декларира како Албанец, треба да достави доказ дека го користи албанскоот јазик на деловно ниво. Исто така, мислам дека законот не треба да балансира вертикално на ниво на секое работно место или работна единица, туку да го урамнотежува системот хоризонтално, давајќи време и простор да се постигне рамнотежа на ниво на целата јавна администрација. Притоа, мислам дека е битно праведното претставување да биде запазено на ниво на сите степени на хиерархија во јавната администрација, вели Небиу за „Фронтлајн“.

Според политичкиот аналитичар и правник по вокација, Ќенан Алиу, законот ќе треба да обезбеди друга методологија со контролни механизми за евентуални злоупотреби.

– Правичната и соодветна застапеност е една од темелните вредности на уставниот поредок и мора да се спроведува, нагласи тој.

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши од ДУИ, предупредува за можни негативни последици од неговото укинување, нагласувајќи дека тоа може да доведе до зголемување на тензиите во државата.

– Ова укажува на фактот дека политичките партии од различни етнички позадини имаат различни интереси и приоритети, што може да создаде дополнителни конфликти, смета тој.

Пратеникот Бране Петрушевски ја критикува ДУИ за нивното однесување, тврдејќи дека партијата злоупотребува етнички прашања за да мобилизира поддршка за протести.

Арбен Таравари од ВЛЕН изјави дека нема ништо лошо што законот за правична и соодветна застапеност се испраќа до Венецијанската комисија, за која изрази уверување дека нема да добие негативно мислење.

За разлика од ВЛЕН, опозициската ДУИ не се откажува од протести но не информира кога и на кој начин ќе ги организира. Од намерата да излезат на улица не ги предомисли ниту најавата дека ќе се носи нов закон за правична застапеност. За нив не значи ништо дали Венецијанската комисија ќе го одобри предложеното законско решение. Овој потег е задоцнет, велат од партијата на Ахмети.

„Добро е што беше отстранет балансерот“, рече поранешниот премиер и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во „Претрес со Ландов“, коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот како алатка.

„Балансерот е решение што произлезе од Охридскиот мировен договор и уставните измени. Но, потоа тој беше злоупотребен. Македонците се изјаснуваа за Албанци, Ромите за Турци, Албанците за Турци и тоа не даде резултат“, рече Ковачевски.

Сепак, официјално, СДСМ не го коментира ниту новиот закон за правична застапеност, ниту пак најавите од ДУИ за протести.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: балансерВенецијанска комисијаВМРО-ДПМНЕВредиДУИСДСМУставен

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk