ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одбележување на Меѓународниот ден на руралните жени – 15 Октомври

October 15, 2024 10:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: Национална федерација на фармери

Фото: Национална федерација на фармери

Share on FacebookShare on Twitter

Во насока на зголемување на видливоста и препознавањето на клучната улога на жените од руралните средини во земјоделството и руралниот развој, Националната федерација на фармери по 17. пат организира настан за одбележување на Меѓународниот ден на руралната жена – 15 Октомври.

Оваа година, настанот ќе се одржи во битолското село Дихово, во чии рамки ќе се реализира трибина на тема „Родовата еднаквост на руралните жени: Подобрување на економскиот статус“. На трибината ќе се зборува за предизвиците и можностите за економското зајакнување на жените во руралните средини, информираат од Националната федерација на фармери.

Предвидено е да бидат доделени и признанија за успешни рурални жени и невладини организации, кои придонесуваат за подобрување на економската и социјалната положба на жените во руралните области.

– На настанот, свое обраќање ќе имаат Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери, Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Република Северна Македонија, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Микаел Атерхог, раководител за развојна соработка во Амбасадата на Шведска во Северна Македонија, Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола, Сашо Ангеловски, регионален директор за регион Европа во Шведската организација за развој We Effect и Карин Рау, менаџер на проектот: Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа(SEDRA II). На панел-дискусијата ќе говорат Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието на Република Северна Македонија, Жаклина Пешевска, претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на мажите и жените, Билјана Петровска – Митревска, проект менаџерка во Национална федерација на фармери, Фросина Ѓоргиевска, земјоделка и рурална жена од Преспа и Лилана Стоилковска, млада земјоделка и рурална жена од село Митрашинци, беровскиот регион, а воедно ќе биде презентиран и извештајот на Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија – „Родова еднаквост и зајакнување на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“, се појаснува во соопштението.

Настанот, организиран од Националната федерација на фармери со поддршка на Шведската организација за развој We Effect, има за цел да го обедини гласот на руралните жени и да ја подигне свеста за нивната клучна улога во локалните заедници и општеството.

– На настанот ќе учествуваат 200 учесници од различни институции, невладини и меѓународни организации, како и амбасади. Најбројни ќе бидат жените од руралните средини од Република Северна Македонија, на кои им изразуваме длабока почит и благодарност преку ова симболично одбележување. Имено, Меѓународниот ден на руралните жени беше назначен во 1995 година од страна на граѓанските организации на четвртата светска конференција за жените во Пекинг и беше прогласен за официјален ден во 2007 година од страна на Генералното собрание на ОН, се додава во соопштението на Националната федерација на фармери.

Next Post

СДСМ: Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка?

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk