ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

October 16, 2024 09:41
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На минатото рочиште сведочеше мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, како и ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков.

Мајката на убиената Вања Ѓорчевска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка. На расправата таа сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и потрагата по неа.

Киркови сведочеа за моментот кога увиделе дека го нема Жежовски, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање.

Адвокатот Марјан Витановски, бранител на првообвинетиот Љупчо Палевски за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по рочиштето изјави декаисказот на мајката на Вања, не може да се доведе во поврзаност со конкретните кривични дела кои му се ставаат на товар на првообвинетиот Љупчо Палевски, додека адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е исто така осомничен во случајот, вели дека со исказот на Зорица Ѓорчевска се расчистиле сите шпекулации.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

На 22.11.минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Tags: ВањаПанчесудењеубиство
Next Post

Книжевна вечер со италијанската писателка Дача Мараини

EVN

НАЈНОВО

Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026
Фото: РФМ

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија до 2029 година

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Од „Трамп Србине“ до осуда: зошто српските режимски медиуми го сменија тонот по нападот врз Венецуела?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Еванџелин Лили откри дека има оштетување на мозокот по тешка повреда при пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ објави изјава за Венецуела потпишана од 26 од 27 земји-членки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk