ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албанската полиција за апсењето на Мета: Го замоливме да излезе од автомобилот, но тој арогантно и со навреди одби, па насилно беше спроведен

October 21, 2024 20:40
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По острите реакции на опозициските партии и дел од јавноста дека е прекршено секакво право при апсењето на поранешниот претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, доцна попладнево полицијата излезе со соопштение во однос на начинот на апсењето.

-Со обврска кон јавното мислење во однос на начинот на апсењето на граѓанинот И.М., појаснуваме дека државната полиција го изврши решението на Специјалниот суд против организиран криминал и корупција (ЃККО). Тоа по барање на Специјалното обвинителство за приведување на И.М. (55), со преземање оперативни мерки, согласно предвидените законски процедури, стои во соопштението.

Околу 13:15 часот, Државната полиција добила информација, а потоа утврдила дека на местото викано „Кривината кај Камза“, во населбата Лапрака, со возило во правец кон Тирана се движел И.М. Во овој момент возилото било сопрено, а водачот на оперативната група му ја соопштил на И.М судската одлука за безбедносна мерка „затворски притвор“ и од него било побарано да излезе од возилото.

-Граѓанинот И.М. одбиваше да го стори тоа и упати навредливи зборови кон претставниците на полицијата и правдата. Врз основа на процедурата предвидена со Уредбата, тој бил изваден од возилото и присилно приведен. Нагласуваме дека употребата на сила при апсењето  била наметната со неговото насилно противење на спроведувањето на судската одлука, што му била соопштена од вработени во полицијата, се наведува во полициското соопштение.

Според дел од медиумите, од маскирани припадници на специјалната полициска единица и агенти од Националното биро за истраги, возилото во кое бил Мета, било следено од граничниот премин Морина, на албанско – косовската граница, веднаш по влезот на албанска територија од Косово, каде што од вчера престојувал тој.  Возилата биле со граѓански регистарски таблички и се движеле долж целата должина едното пред а другото зад возилото на Мета а го сопреле во близина на трговскиот центар „Каса Италија“ во Тирана при што насилно бил внесен во полициското возило.

Tags: АлбанијаапсењеИлир Мета
Next Post

Студено утро, преку ден сончево

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk