ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки

October 23, 2024 14:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, рече дека иницира проект за развој на државата кој ќе биде преточен во стратегија до 2050 година. Целите на проектот, како што напомена, ќе се дефинираат во соработка со МАНУ, а на крај, по нивното заокружување, ќе се бара сеопфатен консензус, од сите политички партии и чинители.

Според Мицкоски, станува збор за стратегија „чии цели нема да зависат од лакомоста и незнаењето на политичарите“.

Тој ја повика опозицијата на соработка и заедничко носење одлуки.

-Ајде да се обединиме и заеднички да ноосиме одуки за иднината зашто друга татковина немаме. Да размислиме стратешки за добро на државата. Секој ваш предлог што е конструиктивен ќе го прифатиме. Ако саке да успееме, немаме избор, освен да соработуваме и тоа мора да почне веднаш и сега. Површниот пристап кон политиката не доведе до ова дереџе. Иако и левицата и десницата имаат квалитетни луѓе, сепак, не се изнајде сила да се утврди национална стратегија. Времето сега не работи за нас, секој што ќе ви го каже тоа, ве лаже. Времето, како поминува, работи против нас. Ако сите сега не помогнеме заедно, за жал, ќе бидеме територија полна со духови, крстоцница на шверцери на мигранти, зомби држава. Тоа некому му одговара, но нам не, убеден сум дека тоа не му одговара ниту на регионот. Сакам да им порачам на сите подготвени да се борат за овие идеи кои се столбот и кичмата на македонската држава и дека се додека сум премиер ќе бидам вашиот глас. Време е да се покаже дека можеме, нагласи Мицкоски.  .

Тој потенцира и дека науката, целите и стратегијата не треба да се етнизираат.

-На граѓаните им е преку глава од водење државта ден за ден. Мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за развој. Од кога почнав да се занимавам со политика тврдам дека на ова наше македонско прашање му е потребна енергија. Сметам дека денес дојде денот да почнеме нов, сериозен проект. На овој ден сакам да иницирам проект кој ќе го договори Владата со МАНУ и универзитетската заедница, проект кој ќе биде претрочен во стратегија до 2050 година, со кој ќе се дефинираат развојот на државата, демографските предизвици, економските цели, земјоделскиот, технолошкиот, енергетскиот и транспортниот развој. Да изготвиме стратегија која ќе ја дефинира новата парадигма на современата држава. Ќе побарам широк партиски консенсуз за прифаќање на стратегијата. Таков консензус ни недостига сите овие години, истакна Мицкоски.

Тој го отвори и прашањето за наталитетот, предупредувајќи дека според последните истражувања, во следнтие 70 години сме на добар пат да исчезнеме како држава.

Next Post

Европската комисија ги одобри реформските агенди од Планот за раст на Западниот Балкан

EVN

НАЈНОВО

Филипче: Владата скрати 40 милиони евра субвенции, лозарите и земјоделците се оставени без поддршка

February 14, 2026

Скопје ќе добие нов булевар „Македонско-косовска бригада“ во Чаир, најави Ѓорѓиевски

February 14, 2026

DW: Зошто Израел распрскува глифосат долж границата со Либан

February 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Гордон Ремзи за конфликтот во семејството Бекам: Љубовта е слепа – но мора да се сеќаваш од каде доаѓаш

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 14 и 15 февруари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • DW: Зошто Израел распрскува глифосат долж границата со Либан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на спортската сала во ООУ „Димо Хаџи Димов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон: Наскоро ќе бидат познати деталите од разговорите со Германија за нуклеарното оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk