ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Скопје ќе добие нов булевар „Македонско-косовска бригада“ во Чаир, најави Ѓорѓиевски

February 14, 2026 13:42
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави изградба на нов, модерен булевар „Македонско-косовска бригада“ во општина Чаир, кој треба да ја подобри сообраќајната поврзаност и инфраструктурата во овој дел од градот.

„Скопјани заслужуваат современа, безбедна и функционална инфраструктура. Тоа всушност е еден од темелите на мојата визија за град кој се развива плански, рамномерно и со јасна стратегија, во кој секоја инвестиција значи подобар квалитет на живот, поголема безбедност и почиста урбана средина“, објави Ѓорѓиевски.

Според најавата, проектот ќе опфати изградба на булевар на делницата од раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“ до булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри.

„Наскоро започнуваме со реализација на основниот проект за изградба на булеварот „Македонско-косовска бригада“ во Чаир, на делницата од раскрсницата со „Џон Кенеди“ до раскрсницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри. Овој потег претставува значајна сообраќајна артерија што ќе ја подобри поврзаноста и проточноста во овој дел од градот“, наведе тој.

Проектот предвидува четири коловозни ленти, по две во секоја насока, средишно зеленило, велосипедски патеки и нови тротоари со ширина од по два метри.

„Проектот предвидува современо и функционално сообраќајно решение со четири коловозни ленти, по две во секоја насока, средишно зеленило за зголемена безбедност и визуелна уреденост, велосипедски патеки во двете насоки, како и нови тротоари со ширина од по 2 метри за сигурно и комфорно движење на пешаците“, соопшти Ѓорѓиевски.

Во рамки на проектот се предвидени и проширувања кај автобуските стојалишта и дополнително зеленило, со цел подобрување на јавниот превоз и урбаната средина.

„Со изградбата на овој булевар создаваме нов урбан простор, помодерен, позелен и поорганизиран. Ја зголемуваме безбедноста, ја подобруваме мобилноста и градиме инфраструктура што ќе им служи на генерации“, истакна градоначалникот.

Тој најави дека реализацијата на инфраструктурните проекти ќе започне во текот на пролетта.

„Од оваа пролет, со подобрувањето на временските услови, Скопје ќе доживее вистинска трансформација. Рамномерниот развој во сите општини, започнува“, додаде Ѓорѓиевски.

Next Post

Филипче: Владата скрати 40 милиони евра субвенции, лозарите и земјоделците се оставени без поддршка

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk