ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Фајненшел Тајмс: Објавен планот на Трамп за ставање крај на војната во Украина

October 29, 2024 15:13
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, предложи контроверзен план за завршување на војната во Украина, кој предвидува „замрзнување“ на конфликтот и создавање автономни, демилитаризирани зони.

Според информациите на Фајненшел Тајмс, овој предлог предвидува намалувањето на американската улога и поголем ангажман на европските земји како гаранти на мировниот процес, но без интеграција на Украина во НАТО.

Републиканскиот кандидат за потпретседател Џ.Д. Венс во септември ја изнесе идејата за замрзнување на војната со формирање автономни региони и демилитаризирани зони од двете страни на границата, но без членство во НАТО, потсетува ФТ.

Според еден од долгогодишните советници на Трамп, новиот план предвидува преиспитување на договорите од Минск од 2014 и 2015 година, кои никогаш не беа спроведени. Тие договори предвидуваа територијален интегритет на Украина со автономни зони, додека окупираниот Крим не беше споменат. Планот на Трамп вклучува воведување на „клаузула за механизам за извршување“, односно воведување санкции за прекршување на договорот.

Европските земји треба да ја преземат улогата на гаранти и „надзорници“ на мировниот процес, додека учеството на Соединетите Американски Држави и НАТО би било минимално, пишува Фајненшл тајмс. – Има две работи на кои САД ќе инсистира. Нема да имаме наши луѓе во механизмот за спроведување. Нема да го финансираме. Европа ќе плати за тоа, додаде советникот на Трамп.

Критичарите, вклучувајќи ги и украинските власти, предупредуваат дека ваквиот пристап може да се гледа како попуштање пред руската агресија, додека поддржувачите на Трамп веруваат дека е неопходна нова стратегија, земајќи ја предвид актуелната состојба на теренот.

Сојузниците на Трамп тврдат дека Украина ја губи војната и затоа притисокот за договор е „морално исправно“. Трамп смета дека сегашниот американски претседател Џо Бајден треба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како што американските претседатели разговараа со лидерите на Советскиот Сојуз за време на Студената војна и дека членството на Украина во НАТО во моментов не е опција.

Фред Флејц, поранешен аналитичар на ЦИА, кој работеше во Белата куќа за време на мандатот на Трамп, а сега е во Центарот за американската безбедност, во интервју за ФТ сугерира дека членството на Украина во НАТО може да биде надвор од агендата неколку години, со цел да се принуди Русија да преговара.

– Го замрзнуваме конфликтот, Украина не отстапува територија, не се откажува од своите територијални претензии, и почнуваат преговори со разбирање дека веројатно нема да има конечен договор додека Путин не се повлече од функцијата руски претседател, рече Флејц. Сепак, овој пристап нема да има едногласна поддршка во Републиканската партија, известува ФТ.

Мајк Волц, еден од главните републикански говорници за национална безбедност во Претставничкиот дом, сугерираше дека Трамп треба да се закани со уништување на руската економија со намалување на цените на нафтата и гасот за да го доведе Путин на преговарачка маса.

– Извезувате поевтина, почиста американска нафта и гас низ целиот свет. Ја намалувате цената, додаде Валц.

Саудиска Арабија, важен сојузник на Трамп за време на неговиот прв мандат, веројатно не би го поздравила таквиот потег. Сепак, луѓето блиски до Трамп инсистираат дека тој ќе изврши силен економски притисок врз Путин.

– Тој покажа дека знае како да ги доведе двете страни на маса, рече Рик Гренел, поранешен амбасадор во Берлин и балкански пратеник на Трамп, потсетувајќи на Абрахамскиот договор, договорите потпишани од Израел и Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан додека Трамп беше на власт.

– Тој го правеше тоа постојано. Арапите и Израелците, Русите и Украинците ќе бидат следни, рече тој.

Иако стратегијата на Трамп се чини како можност за ново решение, многумина се прашуваат за долгорочните последици и безбедносните гаранции за Украина. Овој план ќе биде тема на политички дебати, особено во контекст на претстојните избори во САД.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: војнапланТрампУкраинаФајненшел Тајмс

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk