ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Остатоците од Отворен Балкан, закачени на српската локомотива – поставенa на колосекот кон БРИКС

October 30, 2024 08:34
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Драган Мишев. Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ

Драган Мишев. Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Откако албанскиот премиер Еди Рама го прогласи „Отворен Балкан“ за „умрен“ и особено по одвојувањето на Албанија и Северна Македонија во преговарачкиот процес за членство во ЕУ, по што Тирана продолжи самостојно со отворање на поглавјата од кластерите, се чини дека композицијата составена од остатокот од членките на иницијативата, по се изгледа надополнета со Република Српска, закачена за локомотивата Србија тргна по друг колосек, во обратна насока од ЕУ, во правец на БРИКС.

Србија веќе подолг време, заглавена во чекалната за почеток на преговорите со ЕУ, кокетира со други форми на здружувања, меѓу кои како најветувачка ѝ се виде БРИКС каде што, како еден од основачите и предводниците, фигурира „големиот српски пријател“, Путин и неговата Русија. Истовремено, српскиот претседател Вучиќ негува и присни односи со уште една голема членка (всушност најголемата, според бројот на жители, а во последно време и на економски план) Кина, со нејзиниот водач Си Џинпинг.

Вучиќ, во својот познат стил на седење на две столици истовремено, за да не го навлече гневот на западот, самиот не отиде на самитот на БРИКС во Русија, туку го испрати својот јастреб, потпретседателот на владата на Србија и големиот путинист, Александар Вулин, кој ќе изјави дека Србија ја разгледува можноста за приклучување кон БРИКС. Вулин, нагласува дека оваа организација на земјите им нуди слобода на избор во меѓународните односи, и дека тој иднината на Србија не ја гледа во Европската Унија и дека БРИКС за неговата земја станува сериозна алтернатива на ЕУ.

Колку БРИКС, поточно Русија, нуди слобода на избор во меѓународните односи, покажува тоа што Кремљ, откако Казахстан одби да се приклучи на БРИКС пред самиот состанок, веднаш одговори со санкции за Астана воведувајќи забрана за увоз на овошје и зеленчук.

Наоѓајќи се во истата чекална со Србија, со сѐ по неизвесен исход за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, особено по „ладниот туш“ што го доживеа премиерот Мицкоски во Берлин, приклучок на возот кон БРИКС како да фаќа и владата на Северна Македонија, играјќи „топло/ладно“ со евроинтеграциите, едно изјавувајќи пред странските претставници, а сосема друго пред домашната јавност. Во стилот на „поголемиот брат“ Вучиќ, и следејќи ги насоките од Будимпешта, која иако , како претседавач со ЕУ се понуди да ги испегла разликите меѓу сфаќањата и желбите на Мицкоски за отпочнување на уставни промени, и реалниот услов поставен од ЕУ, и самата е во конфликт со истата таа ЕУ чија членка и претседавач е, и со своето однесување сè повеќе се оддалечува од зацртаните заеднички политики на ЕУ.

За „мултиполарноста“ сѐ почесто зборуваат и некои поранешни функционери блиски на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и претседателката Силјановска-Давкова која, во една изјава успеа како приоритетни цели на државата, покрај евроинтеграциите да ја додаде и мултиполаризацијата, наспроти „апсолвираната“ американизација, вокабулар кој како да го имаат напишано врвните пропагандисти од Кремљ, или е во најмала рака инспириран од изјавите на Путин, служејќи се со речиси исти конструкции.

„Сѐ што правиме е враќање назад, во Европа, каде што ни е местото… и глобализацијата не е веќе само американизација, туку мултиполарен свет, гледаме“, ќе каже претседателката во една прилика.

И на социјалните мрежи, приврзаниците на владејачката партија, предводени од партиските ботови веќе го поставуваат прашањето за членство на земјава во БРИКС, и приклонувањето на Србија кон него, наиде на широка поддршка и во дел од македонските медиуми, кои нашироко го преземаат и понатаму некритички го шират како клучен настан патувањето на Вулин на самитот на БРИКС и неговите изјави за придобивките од членството во БРИКС.

Ова и не е многу зачудувачки, ако се земе предвид дека и вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците во владата на Мицкоски, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ учествуваше во 2013 година на Безбедносен форум во Русија, каде обраќање имал и рускиот претседател Владимир Путин. Од објавените фотографии од овој настан, може да се забележи дека Стоиљковиќ бил во друштво на тогашниот директор на српската Безбедносно-информативна агенција, и сегашен министер за Русија во српската влада, Александар Вулин, како и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Токму овој последниов фаќа приклучок на композицијата составена од остатоците од Отворен Балкан, јасно ставајќи до знаење дека иднината ја гледа во БРИКС, цврсто уверен дека еден ден Република Српска ќе стане независна држава, посочувајќи го значењето на поддршката од Русија.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Цивил Медиа
Next Post

Аналитичари: Постапките на Мицкоски за Коридор 8 се сосема спротивни од она што го изјавувал претходно

Shortcut

Најново

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk