ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Објавена неовластена снимка од новинарката Мирослава Симоновска, стекната со следење – ЗНМ и ССНМ бараат итна истрага

November 1, 2024 21:51
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПРАВДА
Мирослава Симоновска / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Мирослава Симоновска / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради последното прекршување на основните права на новинарката од „Слободен печат“ Мирослава Симоновска, поради неовластеното снимање и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документ.

-Ова видео, кое беше проследено до национална телевизија од страна на шефот на Вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи, отвора сериозни прашања за приватноста, незаконското следење и правата на новинарите во Македонија. Објавата на незаконски снимено видео од новинарката Мирослава Симоновска ја нарушува нејзината приватност и нејзините основни права без разлика што објавениот видео материјал е со заштитени идентитети. Секој новинар има право слободно да се движи и да комуницира со граѓани без страв од незаконско следење или нарушување на приватноста – се вели во соопштението.

Оваа акција, веруваат дека е насочена кон застрашување и дискредитација на Симоновска поради нејзината критичка работа, особено во однос на истражувањето на високиот јавен обвинител, претставува директен напад врз новинарската независност и претставува закана за сите професионални новинари.

-Со ова, се создава опасност од автоцензура и се поткопува клучната улога на медиумите во контрола на власта, особено што не е изолиран случај бидејќи до ЗНМ и ССНМ утрово пристигнаа и други пријави од новинарки кои сведочат за суптилни притисоци за нивни теми поврзани со работата на Вишо јавно обвинителство – велат од ЗНМ и Синдикатот.

Мирослава Симоновска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за неовластено снимање од страна на службено лице.

-Бараме од Основното јавно обвинителство итно и без одлагање да спроведе темелна истрага во врска со овој случај и ги повикуваме надлежните институции да ги заштитат правата и безбедноста на новинарите. ЗНМ и ССНМ ќе ги известат меѓународните организации за поддршка на медиумите за ова скандалозно прекршување на правата на новинарите, кое може да има застрашувачки ефект врз слободата на медиумите во Македонија. Ова сериозно ја загрозува слободата на новинарите, заплашувајќи ги не само нив, туку и сите останати граѓани кои можат да се јават како извори кои би посочувале на злоупотреби во државните институции – се додава во соопштението.

Исто така, од ЗНМ и ССНМ упатуваат порака до медиумите, случаите каде има сомнително стекнати материјали да ги третираат со особено внимание и строго да ги почитуваат етичките стандарди.

 

Tags: ЗНММирослава СимоновскаССНМ
Next Post
Фото: МИА

Сочувство од премиерот Мицкоски до семејствата за загинатите во несреќата во Нови Сад

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk