ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Проф. Селими за предлог-буџетот: Проблематичен за реализација – големи владини желби за малата македонска економија!

November 1, 2024 12:36
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

– Предлог-буџетот за 2025 година предложен од Министерството за финансии е проблематичен за реализација. Економијата на Северна Македонија е мала економија и доста зависна од глобалната економија. Економијата на земјава е соочена со големи јавни долгови, а в година имаме и локални избори, вели меѓудругото во изјава за „Фронтлајн“ – Насир Селими – професор на факултетот за бизнис и економија при Универзитет на Југоисточна Европа, анализирајќи го усвоениот Предлог-буџетот за 2025 во Владата, кој се очекува да го помине собранискиот филтер пред новогодишните и божиќни празници.

– Предлог-буџетот за 2025 година предложен од Министерството за финансии претставува прилично амбициозен документ каде се очекува зголемување на приходите за 13%, расходите за 10%, дефицитот за 4%, инфлацијата за 2,7 и просечниот економски раст од 3,7 %. Во овие турбулентни глобални политички и економски времиња, економијата на Северна Македонија е мала економија и доста зависна од глобалната економија, овие економски параметри тешко може да се реализираат. Исто така, економијата на земјава е соочена со големи јавни долгови и со овој економски раст тешко може да се очекуваат поволни економски резултати. Одложувањето на интеграцијата на земјата во евроинтеграциите и влијанието на тоа врз развојот на локалниот бизнис и конфузијата на странските инвеститори. Ако на ова се додаде фактот дека во текот на следната година имаме локални избори, тоа уште повеќе ќе ги забави економските активности и негативно ќе влијае на реализацијата на зацртаните цели, анализира професорот.

Според него, секој буџет составен на почетокот на годината е амбициозен, со развоен карактер, со многу сериозност за развојни проекти, но подоцна истиот се намалува при прегледот.

– Ова беше искуството во изминатите години, подвлече тој.

Владата го усвои Предлог-буџетот за 2025 година кој носи стабилизација на јавните финансии и економски раст, со истовремена фискална консолидација.

Вкупните приходи во Буџетот се планирани на 358,838 милијарди денари што претставува 13% раст во однос на оваа година. Порастот на приходите се темели на поефикасна наплата и борба со неформалната економија. Вкупните расходи, се проектирани на ниво од 400,2 милијарди што претставува раст од 10% во однос на оваа година, додека дефицитот е на ниво од 4% или во износ од 41,350 милијарди денари и номинално е понизок за 3,3 милијарди денари во однос на оваа година.

Предлог-буџет за 2025 година ќе биде доставен на усвојување во Собранието.

Дестан Јонузи

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Буџет 2025ВладаНасир Селими
Next Post

Блинкен: Преговорите за мир во Либан напредуваат, но преостануваат предизвици

НАЈНОВО

Од утре почнуваат побрзи и многукратно поевтини плаќања во евра преку СЕПА

October 6, 2025

ЕК: Кратењето на американската глобална помош, можност за раст на меѓународното влијание на ЕУ

October 6, 2025

„Риголето“ од Џузепе Верди на сцената на НОБ на 10 октомври

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk