ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Катастрофален почеток на владеењето на Мицкоски и неисполнети ветувања пред граѓаните

November 11, 2024 10:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го критикува премиерот Христијан Мицкоски затоа што ја манипулира јавноста и ние ќе продолжиме да укажуваме на сите неисполнети ветувања дадени пред изборите кои сега гледаме дека не ги почитува. Гледаме катастрофален почеток на владеењето, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, во дневникот на Сител телевизија.

-Денот се познава по утрото и гледаме еден катастрофален почеток на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и многу нереализирани ветувања. Пред избори Мицкоски велеше дека Договорот од Преспа не е завршена работа сега вели дека е ремек делот на дипломатијата. Ако е ремек дело зошто го критикувавте?  Исто така велеше дека ќе обезбедат промена на Преговарачката рамка, сега гледаме дека не се случува. За неисполнетите ветувањата кои ги дадоа пред граѓаните, за променетите ставови и манипулацијата којшто ја направија СДСМ и понатаму ќе ја критикува власта, рече Спасовски.

Од друга страна рече Спасовски, СДСМ покажа иницијативност и понуди законски решенија во Собранието но и поддржа дел од законските решенија понудени од власта.

-СДСМ за законски решенија коишто смета дека се добри за граѓаните дава поддршка, таков беше примерот со пензиите, вториот момент е усвојувањето на Националната стратегија до 2044 година, којашто ја донесовме едногласно.  СДСМ поднесе Законот за минимална плата и Законот за укинување на ДДВ за производите за храна. Но мнозинството не ги поддржа. Јас не очекувам поддршка и во иднина од ВМРО-ДПМНЕ, рече Спасовски.

Владата нема план ниту за економијата ниту пак за судството и за европската иднина на земјата, додаде Спасовски потенцирајќи дека за да има консензус владата треба да достави конкретен предлог.

-Досега видовме дека Владата нема никаков план за ништо. Разговараме за ЕУ- нема план, за судство – нема план, за економија -нема план. Без план не може да се оди напред.  Мора да дојде предлог од стана на Владата, од Мицкоски, да биде понуден пред сите политички партии и пред јавноста, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

Tags: ВладаСпасовски
Next Post

Укинување на ДДВ за храната вистински ќе ги намали цените, кошничките на Владата немаат ефект, велат од СДСМ

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk