Претседателкатата на Либерално Демократската Партија, Моника Зајкова, во интервју за ЦивилМедиа во одговор на прашањата ги изнесе своите ставови и размислувања за тековните случувања на домашната и меѓународната политичка сцена.
ЦМ: Светска банка излезе со ревидирана проценка дека оваа година ќе ја завршиме со раст од 1,8%, а идната растот ќе биде 2,5%. Владата на мицкоски проценува раст од 3,8%. Која е проценката на ЛДП и кој е вашиот коментар за историски највисокиот буџет на државата што го проектира вмро – 6,5 милијарди евра.
Зајкова: Можам да кажам дека не сум многу воодушевена од буџетот и жално е што секогаш проектираме буџети кои имаат централизирана фискална политика, а ЛДП е партија која секогаш се бори за децентрализација. Меѓутоа, ова е прв буџет на владата и мора да видиме што тие планираат, врз основа на што ги темелат препозитивните искални проекции, бидејчи треба да имаме предвид доколку тие проекции не се остварат, може да дојде до дополнително влошување на тие параметри.
Според неа, можеби позитивно ќе влијаат инфраструктурните проекти на коридорите 8 и 10, меѓутоа треба да се земе предвид дека растот на БДП е проектиран без да се земат предвид намалените економски случувања во еврозоната, особено во Германија која директно влијае на македонската економија поради извозот. Најверојатно поради овие причини Народната банка и Светска банка направија пониски проекции од она што го проектираа во министерството за финансии.
Зајкова изрази надеж дека ќе биде добро за државата и дека овие проекции ќе се исполнат кои што ги даде министрството за финансии, бидејќи клучните фискални параметри, како дефицит, јавен долг се искажуваат како процент од БДП, и секое помало остварување на БДП во однос на она што е проектирано од страна на министерството ќе значи поголем дефицит и долг.
Искрено се надевам дека нема да влаземе во таква состојба и дека Владата одговорно знае што прави со ваквите проекции. Добро е за граѓаните да бидат остварливи тие проценки, лошо ќе биде доколку се оди под тие проценки., вели Зајкова во интервјуто за ЦивилМедиа
Разговорот го водеше: Драган Мишев
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Преземено: Цивил Медиа