ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Пред дождот“ на Манчевски прикажан во Кина по повод 30 годишнината од премиерата

November 14, 2024 11:27
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот филм „Пред дождот“ на режисерот Милчо Манчевски, по повод 30-годишнината од премиерата во 1994 година, изминатата недела беше прикажан во Сужу во Кина. Во организација на Државниот филмски архив на Кина, Манчевски со видео-обраќање го претстави „Пред дождот“ пред кинеската публика, а филмот имаше имаше три проекции за три дена проследени со панел дискусии со кинески филмолози.

-Како да ви претставам „Пред дождот“? Тоа е филм кој „Њујорк тајмс“ го стави на својата листа на илјада најдобри филмови некогаш создадени. Македонската држава го прогласи за културно наследство. Тоа беше филм што се случи многу брзо. Тоа е исто така филм што речиси и немаше да се случи, кога две недели по почетокот на продукцијата проектот беше речиси откажан. Снимањето на филмот беше исполнето со позитивна енергија, со инспирација, но и со борба да се одржи на вистинскиот пат, да се зачува неговата душа. Снимавме во македонските планини кои не беа лесно достапни. Професионалци од 13 земји ги здружија силите во оваа македонско-британско-француска копродукција. Во близина, во Босна, беснееше војна, рече Манчевски.

Тој додаде дека филмот е снимен и завршен на 35 мм филмска лента, на старомоден начин. Дваесет години подоцна, во 2014 година, кога Македонската кинотека ја презеде дигитализацијата на неговите филмови, меѓу кои и „Пред дождот“, се сочил со можност, но и со дилема – дали со дигитално коригирање на боите да се промени изгледот на филмот на значаен начин.

-Сепак, имав сериозни сомневања за оваа опција, колку и да изгледаше привлечна. Причината за ова беше етичка. Чувствував дека „Пред дождот“ беше завршен во 1994 година. Тоа беше филмот што требаше да биде, завршено уметничко дело, што ги претставува филмаџиите во одреден момент во времето. Влегувањето во филмот повторно се чинеше малку како сквернавење. Се чинеше малку нечесно да се смени филмот години по неговото завршување. Така, решив дека најдоброто нешто за филмот и најчесното нешто во целина е да не ги сменам колор корекциите на „Пред дождот“. Освен некои мали дотерувања, кои ги направија боите и светлината поспецифични и поверни на првичната идеја, новата колор корекција најмногу ја зачува и ја изострува сликата од оригиналниот негатив. И, еве го, пред вас, драги гледачи во Кина. „Пред дождот“, од моето срце до вашите, рече Манчевски.

„Пред дождот“ во Сужу беше дел од фестивалот со осум реставрирани светски класици, меѓу кои и „Седум самураи“ на Акира Куросава, „Жртвување“ на Андреј Тарковски, „Разјарениот бик“ на Мартин Скорсезе, „Сенки на заборавените предци“ на Сергеј Параџанов, а ќе следат проекции и во Пекинг.

На 30-годишнината од светската премиера на Венецискиот фестивал и освојувањето на Златниот лав за најдобар филм, „Пред дождот“ наскоро повторно ќе се прикаже и во Бразил. Исто така, „Пред дождот до крајот на годинава ќе игра и на државната телевизија на Словенија.

„Пред дождот“ беше прв македонски филм прикажан во Кина. Минатиот месец, Државниот Филмски архив на Кина обезбеди прикажување на сите филмови на Манчевски. Филмскиот архив, кој е и единствениот дистрибутер на странски авторски филмови во Кина, низ земјата ќе ги прикажува „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“ и краткометражните „Четврток“ и „Крајот на времето“.

Tags: КинаМанчевскиПред дождот
Next Post

Министерството за здравство формирало Комисија за испитување на случајот со починатото петгодишно дете

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk